вторник, 21 февруари 2017 | Вести денес: 45 ново

Дачиќ не може да остави поголема лузна на „грдото“ лице на Македонецот од Заев

Бал­ка­нот, ка­ко ме­сто ка­де што па­ро­ла­та „да му умре ко­за­та на ком­ши­ја­та“ е из­диг­на­та нај­ви­со­ко, прет­ста­ву­ва тем­пи­ра­на бом­ба на ко­ја по­ли­ти­ча­ри­те, во­де­ни од оваа па­ро­ла, ѝ го за­бр­зу­ва­ат тај­ме­рот на бом­ба­та без да зна­ат де­ка таа ќе нѐ раз­не­се си­те, ни­кој не­ма да би­де по­ште­ден

 

Nikola-Srbov-150.jpg

Колумнист: Никола Србов

Во 19 век Гр­ци­ја и Ср­би­ја пла­ни­ра­ле за­ед­нич­ка гра­ни­ца, ре­чи­си сре­де де­неш­на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја. Не са­ка­ле да ја игра­ат Бу­га­ри­ја ко­ја, пак, та­ка на­вре­де­на пра­ве­ше до­го­во­ри зад за­тво­ре­ни вра­ти со се­ко­ја зем­ја по­себ­но пред по­че­то­кот на вој­на­та. Бу­га­ри­ја ре­ши да игра са­мо­стој­но, па на Ма­ке­дон­ска­та ре­во­лу­ци­о­нер­на ор­га­ни­за­ци­ја поч­на да ѝ да­ва оруж­је, мно­гу оруж­је, но рас­и­па­но и без па­тро­ни, до­во­лен им бил впе­ча­то­кот, страв им би­ло да да­дат па­тро­ни, да не слу­чај­но Ма­ке­дон­ци­те са­ми се ос­ло­бо­дат.

Ко­га Ма­ке­до­ни­ја за­че­ко­ри во сво­ја­та не­за­вис­ност, по­втор­но се разг­ле­ду­ваа ста­ри­те пла­но­ви. Ми­ло­ше­виќ и Ми­цо­та­кис сед­наа на ма­са да ја де­лат Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја, са­мо не зна­е­ме да­ли тоа го пра­ве­ле на сал­фе­тка, за­мис­лу­вај­ќи де­ка се Чер­чил, Ста­лин и Руз­велт. Во 1992 го­ди­на грч­ка­та ар­ми­ја поч­на во­е­на веж­ба на неј­зи­на­та се­вер­на гра­ни­ца и иста­та ја на­ре­че, ни по­мал­ку ни по­ве­ќе, „Але­ксан­дрос“. Сре­де веж­ба­та грч­ки во­е­ни ави­о­ни не­кол­ку па­ти нав­ле­гоа во ма­ке­дон­ско­то не­бо точ­но 37 ки­ло­ме­три, иста­та број­ка на ки­ло­ме­три пред не­кое вре­ме ја спом­ну­ваа грч­ки ге­не­ра­ли са­кај­ќи да да­дат до зна­е­ње де­ка, до­кол­ку Бал­ка­нот вле­зе во нов во­ен конф­ликт, тие има­ат план се­вер­на­та гра­ни­ца да ја бра­нат нав­ле­гу­вај­ќи 35 ки­ло­ме­три во Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја. И та­ка не­шта­та има­ат свој по­че­ток во исто­ри­ја­та, за ко­ја, пак, не­кои „ум­ни“ гла­ви во на­ше­во оп­штес­тво ве­лат да сме ја трг­не­ле на стра­на би­деј­ќи таа би­ла са­мо исто­ри­ја.

Но, ка­ко и да е, уште по­ин­те­рес­но е тоа што во „Ме­га­ли иде­ја­та“ со­ста­ве­на од Ве­ни­зе­лос во 19 век, гра­ни­ца­та на Гр­ци­ја тре­ба­ла да по­ми­ну­ва точ­но 37 ки­ло­ме­три на те­ри­то­ри­ја­та на де­неш­на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја. Та­ка во­дат по­ли­ти­ка му­дри­те по­ли­ти­ча­ри и ус­пеш­ни­те др­жа­ви сле­деј­ќи ја до­ктри­на­та вос­по­ста­ве­на дла­бо­ко во исто­ри­ја­та. Но, да ја ста­вам исто­ри­ја­та на стра­на, да не ме уко­рат не­кои „ум­ни“ гла­ви.

Исти­от пер­и­од до­де­ка Гр­ци­те пра­веа во­е­ни веж­би на на­ша­та јуж­на гра­ни­ца, сред­би одр­жу­ваа бу­гар­ски­от и ал­бан­ски­от врв, сред­би­те се од­не­су­ваа на пред­ло­гот на Ми­ло­ше­виќ и на Ми­цо­та­кис. Оваа вр­ска по­втор­но до­а­ѓа од исто­ри­ја­та, овие две др­жа­ви имаа сво­ја гра­ни­ца на Груп­чин за вре­ме на Вто­ра­та свет­ска вој­на. За Бу­га­ри­ја е ин­те­ре­сен и еден друг мо­мент кој ре­тко кој го спом­ну­ва. Исто ка­ко што Бу­га­ри­ја ѝ да­ва­ше рас­и­па­ни пу­шки на Ор­га­ни­за­ци­ја­та во 19 век, во 2001 го­ди­на Бу­га­ри­ја ни да­де 100 рас­и­па­ни тен­ко­ви. Пак бе­ше ва­жен впе­ча­то­кот, ќе не спа­су­ва­ле „бра­ќа­та“ од око­лу, а при­тоа кро­еа раз­ме­на на те­ри­то­рии. Во 1999 го­ди­на, при по­че­то­кот на конф­ли­ктот на Ко­со­во, грч­ка­та ар­ми­ја по­втор­но из­ве­де во­е­на веж­ба на се­вер­на­та гра­ни­ца, за се­кој слу­чај, ако се раз­го­ри ре­ги­о­нал­на вој­на тие да си го за­зе­мат сво­јот дел, а по­доц­на доз­нав­ме де­ка тие зна­е­ле пред нас и за тоа што ќе се слу­чу­ва во Ма­ке­до­ни­ја во 2001 го­ди­на. За раз­ли­ка од пр­ва­та веж­ба ко­ја се ви­ка­ше „Але­ксан­дрос“, вто­ра­та се ви­ка­ше „Фи­ли­пос“. Не знам да­ли со неа го прос­ла­ви­ле по­ра­зот кој Фи­лип Вто­ри им го на­нел пред две ил­ја­ди и ку­сур го­ди­ни, но неј­се, ако е та­ка, то­гаш е мал­ку ма­зо­хи­стич­ки и таж­но.

И се­га, зо­што не чу­ди из­ја­ва­та на Иви­ца Да­чиќ, кој ка­жа де­ка би­ле бу­да­ли што Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја ја приз­на­ле под устав­но­то име и со тоа си ја на­ру­шу­ва­ле друж­ба­та со брат­ска Гр­ци­ја? Ма­ла ди­гре­си­ја, брат­ство­то по­ме­ѓу Ср­би­ја и Гр­ци­ја го ку­му­ва­ше Ру­си­ја, ова не­ка стои ка­ко фус­но­та, де­ка е но­ти­ра­но.

Да­чиќ има це­лос­но пра­во и сло­бо­да да ка­жу­ва сѐ што му ле­жи на ду­ша, очиг­лед­но не го на­у­чи­ле де­ка над­во­реш­на­та по­ли­ти­ка де­ве­де­сет про­цен­ти е глу­ма, не­ма емо­ци­ја, но кој да го на­у­чи ко­га учи­тел му бе­ше Ми­ло­ше­виќ.

Проб­ле­мот е кај нас Ма­ке­дон­ци­те. Не, не сме кри­ви ка­ко што ве­ли За­ев, проб­лем е тоа што мно­гу вне­су­ва­ме емо­ци­ја во по­ли­ти­ка­та, мис­лам оп­што, за впе­ча­то­кот кај на­ро­дот. Вед­наш по из­ја­ва­та на Да­чиќ, ед­ни поч­наа да пи­шу­ва­ат „кле­ти Ср­би, се­ко­гаш сте би­ле на­ши нај­го­ле­ми крв­ни­ци“, а дру­ги пи­шу­ваа „та­ка ни тре­ба ко­га го приз­нав­ме Ко­со­во и се ска­рав­ме со бра­ќа­та Ср­би“. Пр­ви­те за­бо­ра­ва­ат де­ка Ср­би­те не ни се на­ши нај­го­ле­ми не­при­ја­те­ли, а вто­ри­ве за­бо­ра­ва­ат де­ка Ср­би­те и не ни се баш не­кои „бра­ќа“ би­деј­ќи „брат­ски“ на­ро­ди ед­но­став­но не по­сто­јат. По си­те ло­ги­ки, до­кол­ку сме бра­ќа, зна­чи не сме два раз­лич­ни на­ро­да, па се по­ста­ву­ва пра­ша­ње­то да­ли овие што пи­шу­ва­ат за брат­ски на­ро­ди нѐ не­ги­ра­ат нас Ма­ке­дон­ци­те?

Приз­на­ва­ње­то на Ко­со­во бе­ше наш др­жа­вен ин­те­рес во да­де­ни­от мо­мент, но исто­то ва­жи и се­га, ме­не искре­но не ме ин­те­ре­си­ра ка­ко не­кој ќе ре­а­ги­ра ко­га јас си го гле­дам сопс­тве­ни­от ин­те­рес, зго­ра на тоа, Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја има на­пра­ве­но тол­ку от­стап­ки кон Ре­пуб­ли­ка Ср­би­ја за кои ако поч­не­ме да ги на­ве­ду­ва­ме ќе ни тре­ба­ат уште 10 стра­ни ми­ни­мум, и тоа на­кра­тко на­пи­ша­ни. Са­мо за­пра­шај­те се ка­ква ќе бе­ше де­нес си­ту­а­ци­ја­та во Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја до­кол­ку ние сѐ уште го не­мав­ме приз­на­е­но Ко­со­во?

Очиг­лед­но, Да­чиќ са­ка да во­ди по­ли­ти­ка на ре­ци­про­ци­тет, што пак јас мно­гу го по­чи­ту­вам. До­кол­ку тој ре­шил се­га да ги на­ру­шу­ва ме­ѓу­себ­ни­те од­но­си, во пер­и­од ко­га на це­ли­от ре­ги­он му пре­стои кри­за и за­ка­на, то­гаш ние не тре­ба да при­тр­чу­ва­ме со из­ви­ну­ва­ња за на­ши­от ин­те­рес или да му реп­ли­ци­ра­ме на из­ја­ви­те, важ­ни се де­ла­та, ту­ку да си ја зе­ме­ме по­ли­ти­ка­та во на­ши ра­це. Ко­га не­кој од­на­тре ќе ви го отво­ри пра­ша­ње­то, ка­ко што тоа го сто­ри Зо­ран За­ев во пре­диз­бор­ни­от пер­и­од, во тој слу­чај из­ја­ви­те на по­ли­ти­ча­ри­те од со­седс­тво­то ви се нај­мал­ку ви­нов­ни, тие беа и оче­ку­ва­ни. Ко­га сме кај За­ев и не­го­ви­те из­ја­ви де­ка ние сме ви­нов­ни, вед­наш по из­бо­ри­те и грч­ка­та дип­ло­ма­ти­ја поч­на да збо­ру­ва за ре­ша­ва­ње на спо­рот со име­то и за не­ка­кви си пред­ло­зи, во оче­ку­ва­ње сум да се ја­ви и Бу­га­ри­ја со неј­зи­ни­те фа­моз­ни до­го­во­ри, итн.

Не е тол­ку ви­но­вен тој што до­а­ѓа не­по­ка­нет кол­ку што е ви­но­вен тој што му ја отво­ра пор­та­та на не­по­ка­не­ти­от. Кој ти е крив што си го пу­штил да ти вле­зе до­ма?

Top