петок, 20 јануари 2017 | Вести денес: 102 ново

Троешејќи за боемски улици, Жерновски ги остави центарци затрупани (ФОТО)

Пристигнуваат информации од Градот Скопје и од општините дека улиците се расчистуваат, службите работат на терен и улиците се проодни. Но, сообраќајот во Центар не се одвива по чисти улици. Засега нема информации дека општината Центар се грижи за бзбедноста на своите жители, а и фотографиите од Дебар Маало сведочат дека скапите боемски улици не се гледаат од натрупаниот снег.

cent1

Пред околу еден час на Фејсбук профилот на центарскиот градоначалник Андреј Женовски беше објавена информација дека снегот во Центар се чисти нонстоп, до 8 часот фрлени 14 тони сол.

Сепак, жителите на Центар се револтирани и објавуваат фотографии на кои се гледа на терен не се работи. Коментираат дека новите машини што ги промовира Жерновски се навистина нови и извадени на улица само за сликање.

cent2

Екипите на општина Центар од раните утрински часови излегоа на терен и го чистат снегот по улиците и тротоарите, кои се во надлежност на општината. На улиците оперираат четири специјални возила-камиони и тоа соларки со нож и соларка за чистење на снег. На приоритетните места се вклучува и специјална машина за рачно чистење на голомразни површини .
Утрово, од 3 часот до 8 часот фрлени се 14 тони сол.
Нема застој на сообраќајот по улиците и граѓаните можат нормално да се движат. Екипите ќе работат нон-стоп додека налагаат временските услови.
Општината има набавено 250 тони сол и има ангажирано фирма за одржување на коловозите и тротоарите во зимски услови на улиците .
Општина Центар ги известува сите сопственици, односно корисници на јавни објекти, веднаш да започнат со чистење на снегот на отворените простори пред јавните објекти, со што ќе се обезбеди непречен пристап до објектите, стои во соопштението на профилот на Жерновски.

Жителите го повикуваат да влезе во Маџир Маало, во Дебар Маало, а потоа да каже дали навистина граѓаните можат слободно да се движат.

 

Top