недела, 26 март 2017 | Вести денес: 45 ново

Реал Мадрид и десеткуван е пресилен за Севилја (видео)

real-madrid

Реал Мадрид обезбеди огромна предност победувајќи ја Севилја со 3-0 на „Сантијаго Бернабеу“ во првиот осминафинален натпревар од Купот на Шпанија. Иако „кралевите“ беа Кристијано Роналдо и без Серхио Рамос, кои добија продолжен одмор, како и без Карим Бензема, кој остана на клупата за резерви, сепак, дури три пати ја тресеа мрежата на Севилја. Има и реванш на теренот на противникот, но јасно е дека „кралскиот клуб“ обезбеди навистина значајна, можеби и недостижна предност.

Џејмс Родригез со одличен удар од дваесетина метри го отвори резултатот во 11.минута, а Рафаел Варан со удар со глава зголеми на 2-0 во 29.минута. Џејмс Родригез од пенал го постигна својот втор гол на овој меч во 44.минута. Севилја немаше сили за да возврати во второто полувреме од оваа средба.

Top