понеделник, 29 мај 2017 | Вести денес: 33 ново

Соросовиот „Либертас“ со уште една тешка лага: Книгата на Трамп јавно достапна, ја има во „Сити мол“ во Скопје

Кога брзаш да излажеш, брзо и ќе погрешиш. Ако си научен да ја лажеш јавноста постојано, тогаш губиш допир со реалноста. Соросовиот „Либертас“ брзајќи да рашири невистини пред македонската јавност направи уште една грешка во низата.

tramp-kniga-640x360„Либертас“ напиша дека книгата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп „Повторно величествена“ ја нема во Скопје. Секако тоа е лага, бидејќи е јавно достапна во „Сити мол“ во Скопје, во „Арс студио“, кое се наоѓа на вториот кат во трговскиот центар. Од таму велат дека оваа книга од 200 страници е една од најпродаваните и чини 490 денари.

tramp-kniga-gif1_-640x360-copyИнаку ваквата информација е како резултат на тоа што истата книга беше спомената во интервјуто што го даде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и за која кажува дека ја прочитал и дека е навистина добра книга.

Top