петок, 24 март 2017 | Вести денес: 24 ново

Потресна животна приказна „Глорија и Глорија“ прикажана преку објективот на Шекеров

Самостојната изложба „Глорија и Глорија“ на фотографот Зоран Шекеров ќе биде отворена на 10 јануари, вторник, во 19.30 часот во Националната галерија „Мала станица“.

Изложбата се состои од 60 црно-бели фотографии – фотографски есеј кој авторот ги фотографирал и пишувал додека бил на петмесечна посета во Чикаго, САД.

„Глорија и Глорија. Тие се мајка и ќерка. Потекнуваат од мексиканска фамилија и живеат во Чикаго. Тие се идентични по своите имиња, но и двете боледуваат од рак. Живеат скромен живот и секојдневно се соочуваат со предизвикот кој го носи знаењето дека можеби утре веќе нема да сте меѓу живите“

Авторот си задава задача да живее заедно со двете Глории во текот на неговиот престој во Чикаго. Покрај неговата помош, која е повеќе од морални, а не финансиски причини, тој се одлучува да остави своја трага токму преку фотографијата. Тој, всушност вели дека фотографијата била најразбирливото средство преку кое секојдневно комуницирале.

Повеќе за фотографиите и за фотографскиот есеј можете да прочитате на неговата веб-страницата: www.zoransekerov.com

Top