четврток, 19 октомври 2017 | Вести денес: 94 ново

Само 3 лажици од оваа смеса, дневно, ќе направат чудо за вашата крвна слика!

Оваа витаминска бомба или лековит еликсир е исклучително добар и проверен лек за зголемување на нивото на хемоглобинот, подигање на нивото на крвните зрнца и подобрување на општата крвна слика.

А освен што е здрав, тој е и исклучително вкусен, и може да се користи без ограничувања. После само две недели консумирање, проверете ја крвната слика и пријатно ќе се изненадите!

За подготовка на овој природен лек потребно ви е:

● 200 мл мед
● 200 гр ореви
● 200 гр суво грозје
● 200 мл сок од моркови
● 200 мл сок од цвекло
● 2 лимона

Подготовка:

Добро исперете ги лимоните, расечете ги на половина и извадете ги семките. Сомелете ги со кора (ако се прскани, отстранете ја кората) и ставете ги во стаклена тегла од едно литро.

Во смесата од мелен лимон додадете ги медот, цедениот сок од цвекло и сокот од цеден морков, па промешајте.

После тоа во смесата додадете ги ситно исецканите или мелени ореви и сувото грозје. Повторно сето тоа промешајте го и ќе добиете околу 1 килограм вкусна и здрава лековита смеса.

Смесата чувајте ја во стаклената тегла, во ладилник, при што најдобро би било да ја консумирате по три пати дневно, по една лажица пред трите главни оброци.

Top