сабота, 18 ноември 2017 | Вести денес: 69 ново

Ѕвезди брутално тепани од партнерите (фото)

За жал дојде време во кое не е вест дека некоја жена ја претепал партнерот. Меѓутоа, кога познатите личности ќе станат жртва на семејното насилство за тоа се зборува со денови.

насловна тепање

Помеѓу познатите личности има голем на оние кои некогаш биле жртви на насилство од страна на нивните партнери. Денес тие  апелираат да се крене свеста за овој сериозен проблем. Ова пак не навраќа токму на тие случаи во регионалните медиуми кога познатите личности проговориле и пријавиле насилство.

Нивниот пример им дава мотивација и сила на сите жени кои се наоѓаат во таква ситуација  дека не смее никогаш да го трпат и премолчат насилството. Верувале или не список на познати жени кои трпеле насилство и отворено проговориле за тоа е поприлично долг.

Јелена Балашевиќ

јелена

Пример на познати жени кои трпеле насилство е  признавањето на ќерката на музичарот Ѓорѓе Балашевиќ. Таа во потресна исповед признала дека пред четири години била жртва на насилство од страна на нејзиниот партнер. Јелена трпела психичко и физичко насилство но собрала сила и го напуштила насилникот. На овој начин Јелена им даде поддршка на останатите жени кои се наоѓаат во ваква ситуација да реагираат и пријават насилство.

Ирина Ивиќ

ивана

 

Водителката на утринската програма на РТС Ирина Ивиќ била жртва на психичко насилство. Ирина својата потресна приказна ја објавила на блог и признала дека поранешниот партнер ментално ја малтретирал, уценувал  и се обидел да ја преземе контролата врз нејзиниот живот. Нејзиното семејство и пријателите и помогнале да се извлече од оваа ситуација.

Миа Борисављевиќ

миа

 

Пејачката открила дека поранешниот партнер физички ја малтретирал. Имено, Миа пријавила во полиција дека Никола Миниќ, со која порано била во врска, ја следел со автомобил до нејзината зграда, насилно ја отворил вратата од нејзиниот автомобил и повее пати ја удирал со боксови. Непосредно пред овој настан Миа забележа дека поранешното момче ја следи но не знаел дека ќе биде насилен кон неа бидејќи немале никаков конфликт.

Анабела Атијас 

анабела

Поранешните сопружници Анабела Буква и Гаги Џогани и по разводот останале пријатели, но изнеле и некои детали од брачниот живот кој предизвикаа лавина коментари. Иако никој од  нив  конкретно не кажал, помеѓу редови можеше да се заклучи дека Гаги на почетокот на нивната врска физички ја малтретирал Анабела. Пејачката во една прилика кажала дека „се срами од неговите постапки“ и не сакала повеќе за тоа да зборува.

Маја Николиќ

nikoli'

Пејачката која е редовен учесник во реалните шоу програми, била жртва на семејно насилство. Поранешниот сопруг на Маја Вук Кандиќ ја избркал од нивниот дом заедно со нивните деца.

-Ме малтретираше и физички и психички – изјавила во неколку интервју Маја. Пејачката исто така додал и дека мажот го пријавила во полиција и тоа во неколку наврати но никој од надлежните установи не реагирал.

Гоца Тржан 

гоца

Поп пејачката неодамна проговорила за семејното насилство. Таа е уште една од познатите личности која трпела насилство до страна на партнерот.  Ја злоставувал поранешниот партнер, но тоа не бил нејзиниот поранешен сопруг Иван Маринковиќ. Гоца во една емисија изјавила дека добивала шамари од партнерот со кој била во врска пред неколку години.

Верица Шерифовиќ

верица

Во филмот „Исповед“ пејачката Марија Шерифовиќ помеѓу другото зборува и за проблематичниот татко алкохоличар, кој неретко ја тепал нејзината мајка Верица Шерифовиќ. Самата Верица дека била толку многу претепана што често пати ела во модринки  бегала на улица и барала помош од полицијата.

 

 

Top