петок, 18 август 2017 | Вести денес: 3 ново

Подметнат пожар во Центар додека цело семејство било дома

Вчера во 14.30 часот во ПС Центар, Г.М. (63)  од Скопје пријавил дека истиот ден во 11.30 часот на ул. „Мајка Тереза“ , во влез пред стан сопственост на неговиот син З.М., од страна на Б.М., извршено било кривично дело предизвикување општа опасност.

Имено, Б.М. делото го сторил така што поставил весници на скалите пред влезната врата и ги запалил, по што побегнал од местото на настанот. За време на случувањето пријавителот и неговото семејство биле во станот со што животот им бил доведен во опасност.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Top