вторник, 28 март 2017 | Вести денес: 20 ново

Јаков го чекав седум години (Фото)

Сека Алексиќ 2016 година ќе ја памети до крајот на својот живот како една од најубавите затоа што и се исполни најголемата желба – стана мајка!

seka

Од 24 септември центар на нејзиниот свет е синот Јаков кој во буквална смисла на зборот и го разубави животот, а дека ужива во мајчинството, потврдила и самата таа во едно интервју за српските медиуми каде рекла дека во 2017 година сака да му подари на Јаков братче или сестричка.

Не сум некој еуфоричен новогодишен тип, но многу го сакам Божик и тоа е мој омилен празник.

Традиционално секоја година кај нас дома ги собираме сите пријатели и семејството, а ова знам дека ќе биде мој најубав Божик до сега затоа што тука е и Јаков кој го чекав цели седум години. Во 2017 година сакам да родам уште едно дете, со Вељко сакаме да имаме големо семејство и се надевам дека таа желба ќе ни се исполни”, изјавила пејачката која веќе во март планира да промовира нов албум.

Top