сабота, 24 јуни 2017 | Вести денес: 10 ново

Сите зборуваат новогодишниот настап на Мараја Кери! (Видео)

Мараја Кери и нејзиниот не многу успешен новогодишен настап веќе трет ден се главна тема на социјалните медиуми.

Имено, Мараја се мачеше да ја слушне музиката за да може да ја испее својата песна “Emotion”, но тоа никако не ѝ одеше од рака, а потоа го прекина настапот за да побара да бидат вклучени мониторите. Истото се случи и со следната песна, “We Belong Together”, по што на ѕвездата ѝ пукна филмот и ја напушти сцената.

Сепак, Мараја на сето ова одговори како права ѕвезда: “Ср..ња се случуваат. На сите ви посакувам среќна и здрава Нова Година! Наздравувам за повеќе насловни страници во 2017 година!”

Top