вторник, 12 декември 2017 | Вести денес: 126 ново

Што точно се случило ноќта кога починал Џорџ Мајкл?

Партнерот на покојниот пејач Џорџ Мајкл, последниве денови предизвикува шок со своите бизарни изјави, а последна во низата е дека преспал во автомобил пред на Божик да го пронајде мртвото тело на своето момче.

Фади Фаваз  (43) го пронашол безживотното тело на својот долгогодишен партнер Мајкл во неговиот кревет во домот во Оксфордшир, кога дошол да го разбуди. Сега открил дека претходната вечер преспал во автомобилот и дека не го видел Џорџ таа вечер, пред пејачот да почине, пишува „Дејли мејл“.

Во неделата ги изненадил фановите на славниот пејач со низа објави на Твитер во кои тврдел дека Мајкл веќе неколку пати се обидел да се убие и дека сега смета дека станува збор за самоубиство. Меѓутоа, набрзо го избришал својот профил и тврдел дека тие објави не биле негови, туку дека неговиот профил бил хакиран.

– Шокиран сум и не ми е јасно што се случува со Твитер. Мојот профил некој го хакнал и го изгасил. Искрено, малку се плашам бидејќи јас не ги пишував тие објави. Се разбудив во 11:30 и видов на вести, но нема да се грижам поради тоа – додал тој.

“Не сум сигурен кој е тој е непријатен близок пријател на Џорџ, но јас бев со него во врска додека не го пронајдов мртов во креветот. Единствената работа која Џорџ ја сакаше е да умре. Многу пати се обиде да се самоубие и кончено успеа. Многу се сакавме и бевме заедно 24 часа дневно”, пишувало на профилот на Фаваз на Твитер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top