сабота, 20 јануари 2018 | Вести денес: 38 ново

Милош Теодосиќ е предводникот на идеалната петорка во Евролигата

milos-teodosic

По два и пол месеци елитна кошарка, 15 одиграни кола и 120 натпревари време е да се направи пресек во најсилното европско кошаркарско натпреварување, Евролигата.

Пред да продолжи плеј-оф трката со натпреварите од 16. коло, специјализираниот кошаркарски портал „Eurohoops“ ја состави иделната екипа од првиот дел од сезоната. При составувањето беа земени предвид индивидуалните достигнувања на играчот, неговите заслуги за успехот на екипата, бројот на одиграни натпревари и позицијата на табелата.

Милош Теодосиќ – 17.7 поени, 7.8 асистенции, 2.2 скока и 18.5 валоризација

Серхио Љуљ – 17.9 поени, 5.9 асистенции, 1.9 скока и 17.6 валоризација

Кејт Ленгфорд – 24.1 поени, 3.9 скока, 3.9 асистенции и 25.5 валоризација

Николо Мели – 12.9 поени, 8 скока, 2.3 асистенции и 19.6 валоризација

Екпе Удох – 11.6 поени, 7.8 скока, 2.1 блокади и 19.5 валоризација

Натпреварувањето во новата година продолжува со 16. коло, кое се игра на 5 и 6 јануари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top