четврток, 30 март 2017 | Вести денес: 144 ново

Вратите го сјајот на кожата со јаболко

Кожата на која и недостига вода го губи сјајот и побрзо се јавуваат брчки. Козметичката индустрија во последните години се ориентира кон призводство на екстракти од јаболко. Кремовите со 58% екстракт од јаболкото и ја враќаат нежноста и младоста на кожата. За позрелата кожа се издвојуваат и активните состојки од семките на јаболкото.

Во јаболкото е откриена и киселина која дејствува против стареењето. Ова овошје содржи и супстанции кои ја чистат кожата. Истите материи го спречуваат создавањето на прекумерни маснотии во коренот на косата, како и нејзиното опаѓање.

Еве два начини за нега на лицето и косата со помош на јаболко:

Ако сакате да ја вратите свежината на вашата кожа, најдобрата регенеративна маска за лицето се подготвува со јаболко. Ова овошје помага во враќањето на хидратацијата, а неговите овошни киселини ги измазнуваат брчките. Во блендер ставете 1 зелено јаболко (со лушпата) и една лажица сок од лимон. Нанесете на лицето, вратот и деколтето. Почекајте 10-15 минути, потоа исплакнете со топла вода.

НАПОМЕНА: Пред нанесувањето, направете проба со само мал дел на лицето или вратот да видите дали можеби ваквата маска ви предизвикува алергиска реакција.

Со помош на јаболков оцет подмладете го скалпот и отстранете ги лушпите од скалпот. Се смета дека јаболковата киселина ги уништува бактериите, кои предизвикуваат првут. Обидете се со овој рецепт: Масирајте со додавање на неколку лажици јаболков оцет директно на веќе измиениот скапл, оставете да делува 1 минута и потоа исплакнете.

Top