сабота, 24 јуни 2017 | Вести денес: 16 ново

Во новата година МЗТ со старите навики, нов пораз од Цедевита

mzt-skopje

Кошаркарите на МЗТ Скопје, како што ја завршија старата, така ја започнаа и новата година, со пораз. Вечерва во СЦ „Јане Сандански“ во рамките на 16. коло од АБА лигата на победата со резултат од 79-100 се радуваше Цедевита. За хрватскиот шампион ова беше четврта сезонска победа над „штрковите“, на два наврати во Еврокупот и двапати во АБА лигата.

Отпорот на „металците“ траеше само десет минути, период во кој одличен беше Скот, а гостите водеа со минимални 21-22. Одбраната на македонскиот првак потоа доживеа вистински дебакл, па само во втората четвртина Цедевита постигна дури 31 поен, па на одмор се замина со резултат 36-53. Во овој дел од мечот најзабележителни беа Американците Џејмс и Боутрајт, кои го наполнија кошот на „сино-белите“ и по само 20 минути игра ја осигураа победата на Цедевита.

mzt-skopje-1

Во третата четвртина „металците“, како и во воведниот квартал одиграа егал со хрватската екипа (25-25), но нашиот шампион ниту во еден момент не успеа да спушти барем на едноцифрена негатива (61-78). Цедевита во последната четвртина дополнително ја зголеми предноста за на крај убедлива победа со резултат од 79-100.

Џош Скот со 23 поени беше најефикасен во составот на МЗТ Скопје, во чии редови солиден кам-бек имаше и вториот Американец во тимот, Ксавиер Темс кој мечот го заврши со 18 поени. Како и во домашниот тим, така и во гостинскиот, главниот збор го имаа интернационалците од САД, Џејмс даде 21 поен, додека Боутригхт мечот го заврши со 18 поени.

Top