петок, 28 април 2017 | Вести денес: 47 ново

Обама ќе има проштално обраќање на 10 јануари

obama

Американскиот претседател Барак Обама ќе има проштално обраќње на 10 јануари, во кое ќе говори за сето тоа што го сторил во неговите два мандата и ќе им се заблагодари на своите поддржувачи. Обама посочи во писмената изјава дека своето обраќање ќе го изнесе во Чикаго.

-Тоа ќе биде шанса да ви се заблагодарам за неверојатното патешествие, да истакнам на каков начин ја променивте земјата на подобро во изминатите осум години и да изразам некои размислувања за тоа во која насока ќе одиме сите заедно во иднина – рече тој.

Обама нагласи дека од 2009 година досега Американците се соочувале со различни предизвици и станале посилни. ­ Тоа е така бидејќи од основањето никогаш не престанавме да веруваме дека заедно можеме оваа земја да ја промениме на подобро, рече Обама.

Top