вторник, 21 ноември 2017 | Вести денес: 122 ново

Исидора Бјелица: Ја дочекувам новата година знаејќи дека нема да ја дочекам следната

isidora

Познатата српска писателка Исидора Бјелица, која долго време води борба со ракот, на социјалните мрежи постави порака која на многумина им ги насолзи очите.  Таа објави своја фотографија од болница за која напиша:

– Во светот на идиличните празници што ви се нудат можеби припаѓате во категоријата луѓе кои сте далеку од идила. Можеби сте уморни од сите, можеби сте сами, болни, или сте изгубиле некоја личност што сте ја сакале. Можеби сте банкрот или пак не можете да ја издржите болката што ви ја создаваат блиските. Можеби не можете да имате дете, да го платите кредитот, или се разведувате. Можеби мажот е импотентен, а вас ве обвинува што сте дебела и стара, или свекрвата ве навредува, а снаата тера во гроб… Но можеби како јас ја дочекувате Новата година знаејќи дека нема да ја дочекате следната… да, во ова идилично светло на новогодишните празници постоиме и ние. Нека ни е Среќна Нова година, макар ја дочекале во солзи – мора да веруваме дека има надеж и смисол.

Top