вторник, 21 февруари 2017 | Вести денес: 78 ново

Карпош Соколи го совладаа Морнар

Кошаркарите на Карпош Соколи синоќа во СЦ „Борис Трајковски“ забележаа победа над Морнар со резултат 75:63. Ова беше петти триумф за македонскиот тим во регионалната АБА лига по што се изедначи со гостинот од Црна Гора кој го запиша 11-от пораз.

Разликата од 13 поени (24:11) остварена во првата четвртина се покажа како клучна за конечниот победник.

Доминик Мавра и Драган Лабовиќ со по 18 поени беа најефикасни во домашниот состав, додека кај Морнар, Џонс уфрли 12 поени.

На првите два дуела од 16.коло:

Будуќност – Мега Лекс 88:80 и
Цибона – Партизан 77:82.

Вториот македонски претставник во ова натпреварување, тимот на МЗТ Скопје Аеродром на 2 јануари (понеделник) ја пречекува Цедевита.

Другите двојки се:
Црвена звезда – Задар,
Олимпија – Игокеа и
ФМП – Крка.

Табела: Црвена звезда 15-0 (победи-порази), Партизан 13-3, Будуќност 11-5, Цибона 10-6, Цедевита 10-5, Игокеа 8-7, Олимпија 7-8, Морнар 5-11, Мега Лекс 5-11, Карпош Соколи 5-11, Задар 6-9, Крка 5-10, ФМП 4-11 и МЗТ Скопје Аеродром 4-11.

Top