петок, 20 јануари 2017 | Вести денес: 0 ново

Воспитување до смрт: Шестгодишно момче минало 15 часа на балкон „под казна“, сега се бори за живот

zgrada-sneg

Момче на возраст од шест години се бори за својот живот во Брисел, откако денот по католичкиот Божиќ, на голем студ, го минал на балкон, облечен само во пижами.

Британските медиуми пренесуваат дека родителите решиле да го казнат момчето откако во текот на ноќта отишол да земе нешто за јадење. Го казниле со тоа што го затвориле на балкон облечен само во пижами и го држеле на студот од 5 часот наутро до 20 часот навечер.

dete-momce-dozd

Момчето во болница било примено без свест, а хоспитализирана била и неговата сестра поради неухранетост. Мајката и очувот се уапсени и задржани во притвор. Според белгиските медиуми, соседите ја повикале полицијата и го спасиле момчето.

Top