четврток, 22 јуни 2017 | Вести денес: 92 ново

Моден двобој: Блејк Лејви или Мишел Обама? (Фото)

Секогаш убаво облечената актерка Блејк Лајвли и се уште актуелната прва дама на САД, Мишел Обама, и покрај огромниот избор на дизајнерски фустани, се случи да носат ист фустан.

Станува збор за фустан на преклоп од колекцијата „Ресорт“ на познатата дизајнерка Дајан фон Фурстенберг, кој што чини околу 450 евра.

Блејк Лајвли овој колор блок фустан го носеше прва, во јули годинава додека се уште беше бремена со второто дете. Актерката го искомбинира фустанот како наметка врз фустан со сини светки од истата дизајнерка, а аутфитот го надополни со светкави штикли.

Мишел Обама пак фустанот го носеше неодамна за време на официјална посета на Хаваи. Нејзиниот изглед беше едноставен, но доволно  елегантен за прва дама. На нозете носеше рамни сандали.

Top