петок, 24 март 2017 | Вести денес: 119 ново

Твитер порака од Медведев за Обама: „Почивај во мир“

Рускиот премиер Дмитриј Медведов денеска изрази жалење што администрацијата на американскиот претседател во заминување Барак Обама го завршува својот мандат со „антируска агонија“, пишува „Макфакс“.
Медведев ова го објави на Твитер, а пораката ја заврши со „R.I.P (Rest in Peace)“ или „Почивај во мир“, пренесува агенцијата TASS.
„Многу е тажно што администрацијата на Обама, која го започна мандатот со напори за обновување на соработката, истиот да го заврши со антируска агонија. Почивај во мир“, наведе Медведев во твитот.
САД како одговор на наводното мешање на Русија во претседателските избори во Америка, во четвртокот воведе остри санкции кон Москва, протерувајќи 35 руски дипломати и затвиру два објекти.
„Наредив преземање на повеќе акции како одговор на агресивното заплашување на руската влада кон американски функционери и сајбер операции чија цел беа американските избори,“ рече претседателот Обама, пренесува AFP.
Овие акции, како што наведе тој, не се целосен одговор на САД на „агресивните активности на Русија“.
„Ќе продолжиме со различни акции во време и место по наш избор, а некои од нив нема да бидат објавени,“ додаде тој.
Америкнакси фунционер, кој сакаше да остане анонимен изјави за Reuters дека на руските дипломати им било кажано да ја напуштат Америка во рок од 72 часа.

Top