четврток, 25 мај 2017 | Вести денес: 45 ново

Да по­са­ку­ва­ме тол­ку кол­ку што на­ви­сти­на мо­же­ме да до­би­е­ме или да сра­бо­ти­ме

Ко­га по­са­ку­ва­ме не­што што е над­вор од на­ши­те оче­ку­ва­ња, мож­но­сти или оп­што зе­ме­но над­вор од не­што што до­то­гаш ни се слу­чи­ло во жи­во­тот, то­гаш, ве­ро­јат­но, мно­гу е по­ма­ла мож­но­ста таа жел­ба да се ос­тва­ри. Ток­му по­ра­ди тоа, раз­о­ча­ру­ва­ње­то мо­же да би­де по­го­ле­мо, ве­ли Па­чо­ска

Да по­са­ку­ва­ме тол­ку кол­ку што на­ви­сти­на мо­же­ме да до­би­е­ме или да сра­бо­ти­ме, со­ве­ту­ва На­тка Па­чо­ска, кли­нич­ки пси­хо­лог, европ­ски ов­ла­стен пси­хо­те­ра­певт, тре­нер и су­пер­ви­зор во Ин­сти­ту­тот за брак, се­мејс­тво и си­стем­ска пра­кти­ка. Око­лу Но­ва го­ди­на и праз­ни­ци­те лу­ѓе­то нај­че­сто ја су­ми­ра­ат го­ди­на­та што из­ми­ну­ва, пра­ват пла­но­ви и за­мис­лу­ва­ат жел­би што би са­ка­ле да им се ос­тва­рат во след­на­та го­ди­на. Де­до Мраз не по­стои за во­зрас­ни­те, но жел­ба­та да ги има­ме оние ра­бо­ти што до­се­га не сме ги има­ле нѐ пот­тик­ну­ва да раз­мис­лу­ва­ме де­ка, се­пак, не­ко­ја си­ла или уни­вер­зум ќе ни по­мог­не таа жел­ба да ни се ос­тва­ри.

Во­о­би­ча­е­но, око­лу Но­ва го­ди­на за­мис­лу­ва­ме жел­би кои ќе нѐ во­дат во ид­на­та го­ди­на. Ка­ква тре­ба да би­де жел­ба­та – кон­крет­на и спе­ци­фич­на, да зна­е­ме што точ­но зна­чи тоа за нас?

ПА­ЧО­СКА: Ко­га жел­би­те се кон­крет­ни и спе­ци­фич­ни, мно­гу по­лес­но се дви­жи­ме во не­ка­ква рам­ка и во од­нос на тоа кон што да це­ли­ме. За­тоа е по­ед­но­став­но да има­ме кон­крет­ни жел­би. Ме­ѓу­тоа, че­сто лу­ѓе­то има­ат оп­шти жел­би, по­себ­но пред по­че­то­ци­те. Но­ва го­ди­на е по­че­ток и за се­кој нов по­че­ток се по­са­ку­ва ус­пех и уба­ви ре­зул­та­ти. Но­ва­та го­ди­на е по­че­ток на но­во ле­то и се оче­ку­ва мно­гу на­ши ра­бо­ти кои по­ра­но не сме ги за­вр­ши­ле, се­га да го сто­ри­ме тоа или, пак, да поч­не­ме не­што но­во. Око­лу праз­ни­ци­те по­сто­ја­но се го­во­ри за Де­до Мраз, кој ре­ал­но не по­стои. Но, жел­ба­та да ги има­ме оние ра­бо­ти што до­се­га не сме ги има­ле, нѐ пот­тик­ну­ва да раз­мис­лу­ва­ме де­ка, се­пак, не­ко­ја си­ла или уни­вер­зум ќе ни по­мог­не таа жел­ба да ни се ис­пол­ни.

Да­ли нѐ оп­то­ва­ру­ва­ат жел­би­те?

ПА­ЧО­СКА: За­ви­си од тоа кол­ку ед­на жел­ба е по­са­ку­ва­на. Ако има­ме не­ко­ја жел­ба што дол­го вре­ме е по­са­ку­ва­на, а не­ос­тва­ре­на, то­гаш таа нѐ оп­то­ва­ру­ва. Лу­ѓе­то не­ко­гаш се тол­ку ри­гид­ни во по­са­ку­ва­ња­та што не оста­ва­ат про­стор за ком­про­мис. Не се ос­тва­ру­ва­ат си­те што ги по­са­ку­ва­ме. Ко­га ри­гид­но се др­жи­ме до тоа ток­му таа жел­ба да би­де ос­тва­ре­на, то­гаш таа знае да оп­то­ва­ри би­деј­ќи не се ос­тва­ру­ва та­ка ка­ко што е по­са­ка­на.

Ка­ко да не до­жи­ве­е­ме раз­о­ча­ру­ва­ње ко­га ќе ги за­мис­ли­ме но­во­го­диш­ни­те жел­би?

ПА­ЧО­СКА: Ед­ни­от на­чин е жел­ба­та да би­де спе­ци­фич­на и кон­крет­на. Ка­ко што ка­жал на­ро­дот, да по­са­ку­ва­ме тол­ку кол­ку што на­ви­сти­на мо­же­ме да до­би­е­ме или да сра­бо­ти­ме. Ко­га по­са­ку­ва­ме не­што што е над­вор од на­ши­те оче­ку­ва­ња, мож­но­сти или, оп­што зе­ме­но, над­вор од не­што што до­то­гаш ни се слу­чи­ло во жи­во­тот, то­гаш ве­ро­јат­но мно­гу е по­ма­ла мож­но­ста таа жел­ба да се ос­тва­ри. Ток­му по­ра­ди тоа, раз­о­ча­ру­ва­ње­то мо­же да би­де по­го­ле­мо. Пред да поч­не но­ва­та го­ди­на, за­ми­ну­ва ста­ра­та. Се­ко­гаш ко­га за­ми­ну­ва ста­ра­та, пра­ви­ме ед­на ре­ка­пи­ту­ла­ци­ја – што ос­тва­рив­ме од тоа што го по­са­кав­ме ми­на­та­та го­ди­на. Ако се по­ка­же де­ка мно­гу ра­бо­ти што сме ги по­са­ка­ле не се ос­тва­ри­ле, то­гаш тре­ба да по­са­ку­ва­ме вни­ма­тел­но и на­та­му. Или, ба­рем жел­би­те да би­дат во ре­ал­ни мож­но­сти. Ова се од­не­су­ва на во­зрас­ни­те. Де­ца­та има­ат пра­во да по­са­ку­ва­ат сѐ што са­ка­ат.

dr-natka-pacovska-2-custom

Лу­ѓе­то во пос­лед­но вре­ме се мно­гу оса­ме­ни.

По­крај се­та еу­фо­ри­ја, праз­ни­ци­те за не­ко­го зна­ат да би­дат и де­пре­сив­ни. Зо­што?

ПА­ЧО­СКА: За­тоа што лу­ѓе­то во пос­лед­но вре­ме се мно­гу оса­ме­ни. Нај­че­сто не се до­го­ва­ра­ат со ни­ко­го да го од­бе­ле­жат до­а­ѓа­ње­то на Но­ва­та го­ди­на за­тоа што оче­ку­ва­ат де­ка не­ма да по­ми­нат уба­во, де­ка тоа не е за нив, де­ка тоа по­втор­но е уште ед­на го­ди­на во ко­ја не­ма да се чув­ству­ва­ат ре­а­ли­зи­ра­ни. Или, ед­но­став­но, за­тоа што мож­но­сти­те што ги по­са­ку­ва­ат за се­бе се со­се­ма на не­кое дру­го ни­во од тоа што на­ви­сти­на мо­жат да го ос­тва­рат во мо­мен­тот. Од дру­га стра­на, жи­ве­е­ме во оп­штес­тво ка­де што по­ве­ќе­то лу­ѓе се по­ни­ско оце­не­ти или по­ни­ско на­гра­де­ни и по­ра­ди тоа не мо­жат да си доз­во­лат за­ед­нич­ко сла­ве­ње на Но­ва­та го­ди­на со не­кои при­ја­те­ли би­деј­ќи и тоа чи­ни па­ри. Тоа ќе зна­чи де­ка ме­се­цот тре­ба да го по­ми­нат по­скром­но и по­ра­ди тоа оса­ме­но­ста е по­го­ле­ма. Од дру­га стра­на, тоа се слу­чу­ва по­ра­ди тоа што сѐ по­ве­ќе се ме­ну­ва про­фе­си­о­нал­ни­от ан­гаж­ман, вре­ме­то по­ми­на­то на ра­бо­та. Де­ве­де­сет про­цен­ти од вре­ме­то лу­ѓе­то го по­ми­ну­ва­ат со ко­ле­ги­те на­ме­сто со при­ја­те­ли­те и со род­ни­ни­те. Та­ка се од­да­ле­чу­ва­ат. За вре­ме на праз­ни­ци­те се­кој се за­тво­ра во сво­јот дом, со по­тре­ба да се од­мо­ри од пре­сил­ни­от ан­гаж­ман пред праз­ни­ци­те. Ток­му тоа но­си оса­ме­ност и раз­о­ча­ру­ва­ње.

Вре­ди ли да би­де­ме скром­ни во жел­би­те?

ПА­ЧО­СКА: Вре­ди. Би­деј­ќи скром­на жел­ба е не­што што, всуш­ност, зна­чи де­ка со си­гур­ност мо­же­ме да го ос­тва­ри­ме. За­тоа што жел­би­те за­ви­сат од нас и од не­ко­ја на­ша сре­ќа, од­нос­но ве­ру­ва­ње де­ка по­зи­тив­но ќе ни трг­не. По­зи­ти­ви­стич­ка­та пси­хо­ло­ги­ја е сѐ по­при­сут­на. До­ка­жа­но е де­ка кол­ку по­ве­ќе лу­ѓе­то ве­ру­ва­ат де­ка не­кои ра­бо­ти мо­жат да ги ос­тва­рат, се­ка­ко не­што што е во рам­ки­те на ос­твар­ли­во­то, тол­ку и по­бр­зо мо­жат да го ре­а­ли­зи­ра­ат тоа. Ако сме­та­ат де­ка не мо­жат да ги ос­тва­рат ра­бо­ти­те, пе­си­ми­стич­ни се, не­мо­ти­ви­ра­ни, не­ма­ат ин­те­рес, не се вклу­че­ни за тоа да го на­пра­ват и да се да­дат из­вес­но за­до­волс­тво и ра­дост, то­гаш и нај­ос­твар­ли­во­то, кое би мо­же­ле да го ос­тва­рат на пр­ви­от ќош, не­ма да се ис­пол­ни.

Среќ­ни ли се Ма­ке­дон­ци­те?

ПА­ЧО­СКА: За жал, сѐ по­мал­ку. Пра­кти­ка­та по­ка­жу­ва де­ка, ка­ко што тех­но­ло­ги­ја­та оди на­пред, по­себ­но мла­ди­те, но и лу­ѓе­то од сред­на во­зраст, на до­фат, вир­ту­ел­но има­ат мно­гу на­чи­ни, ра­бот­ни средс­тва со кои мо­жат уба­во да по­ми­нат или да би­дат среќ­ни. Но, од дру­га стра­на, мно­гу се скром­ни на­ши­те средс­тва за да го има­ме тоа. Ток­му по­ра­ди тоа сме не­ка­де ме­ѓу жел­би­те и воз­мож­но­то. И ко­га сме ме­ѓу жел­би­те и воз­мож­но­то, сре­де пат, по­сто­ја­но сме во жел­ба, а ни­ка­ко да стиг­не­ме до она што мо­же­ме да го ос­тва­ри­ме. И то­гаш сме не­среќ­ни.

dr-natka-pacovska-3-custom

И ко­га сме ме­ѓу жел­би­те и воз­мож­но­то, сре­де пат, по­сто­ја­но сме во жел­ба, а ни­ка­ко да стиг­не­ме до она што мо­же­ме да го ос­тва­ри­ме. И то­гаш сме не­среќ­ни, вели Пачоска

Ка­ко Вие би ги со­ве­ту­ва­ле лу­ѓе­то? Ка­ко да ги по­ми­нат праз­ни­ци­те?

ПА­ЧО­СКА: Да би­дат со сво­и­те најб­ли­ски. Да би­дат со сво­е­то се­мејс­тво. Праз­ни­ци­те се за се­мејс­тво­то би­деј­ќи, што и да се слу­чу­ва, ту­ка се слу­чу­ва­ат нај­у­ба­ви­те чув­ства – во од­нос на љу­бов, вни­ма­ние, сре­ќа. Да се ра­ду­ва­ме на ту­ѓа­та сре­ќа. Се­ка­ко, ние ќе се ра­ду­ва­ме и на сре­ќа­та на на­ши­те при­ја­те­ли, но мно­гу по­ве­ќе ќе се изра­ду­ва­ме на сре­ќа­та на ро­ди­те­ли­те, бра­ќа­та, се­стри­те.

Раз­го­ва­ра­ше: Але­ксан­дра М. Бун­да­лев­ска

Фо­то: Але­ксан­дар Ива­нов­ски

(интервјуто е објавено во 226. број на неделникот Република кој излезе во печат на 30.12.2016 година)

Top