недела, 26 февруари 2017 | Вести денес: 75 ново

Честитка

 

Ацо Станковски

Ацо Станковски

 

Да си че­сти­та­ме на из­држ­ли­во­ста и на тр­пе­ни­е­то. Тоа се­ко­гаш но­си ре­зул­та­ти, ду­ри и то­гаш ко­га сѐ изг­ле­да за­луд­но и глу­па­во. Ко­неч­но, овие доб­ле­сти се есен­ци­ја на са­ми­от жи­вот. Сѐ дру­го, освен тр­пе­ни­е­то и сил­на­та вол­ја да се из­др­жи во сопс­тве­на­та вер­ба, е три­ви­јал­но, бр­зоп­ле­то и не­од­го­вор­но.

Конф­ли­ктот е се­ко­гаш ту­ка, тој ле­ви­ти­ра во ете­рот, во под­не­бес­је­то и ба­ра сце­на и акте­ри за сво­и­те сце­на­ри­ја. Игра­та е за­нес­на, ви­стин­ска хип­но­за, но ко­га таа не е дис­ло­ци­ра­на во сфе­ри­те на ба­нал­но­то и ко­га ќе ги оп­фа­ти ви­тал­ни­те тра­е­кто­рии на оп­штес­тве­ни­те си­сте­ми, то­гаш се слу­чу­ва­ат не­по­им­ли­ви по­тре­си и тра­ге­дии. То­гаш лу­ѓе­то се чу­дат, се пра­шу­ва­ат во па­ни­ка што, всуш­ност, се слу­чу­ва, од ка­де ва­ков изб­лик на не­чо­веч­ност, ти­ра­ни­ја и зло?

Но, во тие мо­мен­ти не­ма ни­ка­ков уте­ши­те­лен од­го­вор, са­мо ужас и де­струк­ци­ја, ко­ја не пре­ста­ну­ва и ги по­лу­ду­ва си­те.

За­тоа им че­сти­там на си­те за тр­пе­ни­е­то и за из­држ­ли­во­ста. Ве­ру­вај­те, не­ма по­до­бра стра­те­ги­ја и та­кти­ка од овие две…

На прав­до­љу­би­ви­те, на хе­рој­ски­те и еп­ски ка­ра­кте­ри, на оние што др­жат до сопс­тве­но­то до­сто­инс­тво, мо­же­би, овие при­ста­пи кон ре­ша­ва­ње­то на конф­ли­кти­те им се мал­ку и ин­до­лент­ни, осо­бе­но за­тоа што се во пра­во, а тие се се­ко­гаш во пра­во, та зар да не се, би се воз­не­су­ва­ле ли со тол­ку са­мо­до­вер­ба и по­све­те­ност, но, ве­ру­вај­те, во­инс­тве­ни­те ка­ра­кте­ри пр­ви го гу­бат те­ре­нот. Нив­ни­от тем­пе­ра­мент ги но­си во из­бр­за­ни ре­ак­ции и ги­бел.

Би ре­кол де­ка тре­ба да се ис­цр­пат си­те ва­ри­јан­ти, по­не­ко­гаш по це­на на го­ле­ми по­ни­жу­ва­ња и одре­ку­ва­ња, но прав­да­та ќе по­бе­ди за­што таа се­ко­гаш по­бе­ду­ва, без ог­лед на тоа кол­ку ова по­пра­ва­ње на мо­рал­ни­те ас­пе­кти на ствар­но­ста во да­де­ни вре­ми­ња и ус­ло­ви ќе про­гол­та енер­ги­ја и мис­ли.

За­тоа, са­мо на­пред со тр­пе­ни­е­то, со то­ле­рант­но­ста и со вол­ја­та да се оп­стои на нај­до­бро­то во на­ша­та иде­о­ло­шко-по­ли­тич­ка има­ги­на­ци­ја.
Ви че­сти­там, urbi et orbi, дра­ги жи­те­ли на пла­не­та­ва, а по­себ­но на гра­ѓа­ни­те на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја, што и по­крај си­те иску­ше­ни­ја, сѐ уште има­те човeшти­на во сво­и­те ду­ши, што има­те ем­па­ти­ја за ближ­ни­те, и по вер­ти­ка­ла и по хо­ри­зон­та­ла, и што по­себ­но ги ми­лу­ва­те доб­ле­сти­те што на мно­гу дру­ги ме­ста се ве­ќе ис­пра­те­ни во исто­ри­ја­та, а тоа се тр­пе­ни­е­то и то­ле­рант­но­ста и, се­ка­ко, што сѐ уште не ве оз­на­чи­ле со чи­по­ви, со зна­кот на не­че­сти­ви­от.

Ред­но е што по­ве­ќе од нас, гра­ѓа­ни­те на све­тот (а на што би би­ле, се пра­шу­вам?), да се пок­ло­ни­ме на вир­ту­ел­ни­те, но не­по­ко­леб­ли­ви по си­ла­та на ду­хот ка­те­дра­ли на тр­пе­ни­е­то, на по­чи­ту­ва­ње­то, на со­зер­цу­ва­ње­то. Тоа се сил­ни­те хра­мо­ви на оп­сто­ју­ва­ње­то на чо­ве­ко­ви­от вид. Са­мо во за­кри­ла­та на нив­на­та не­по­ко­леб­ли­вост и спо­кој мо­же­ме да ја ви­ди­ме уба­ви­на­та и љу­бо­вта на би­ти­е­то. За­тоа ви че­сти­там што ре­ши­вте да игра­те на нај­му­дра­та, нај­си­гур­на кар­та, на доб­ле­ста над доб­ле­сти­те.

Ви че­сти­там со воз­ду­ше­ста снеж­но­бе­ла че­сти­тка за ва­ша­та спо­соб­ност да ги пре­жи­ве­е­те ни­штож­но­ста, де­фе­тиз­мот и оча­јот. Тоа се са­мо ефе­мер­ни пла­ши­ла на па­тот до све­то­ста. Др­же­те до тр­пе­ни­е­то, гре­шка ќе не­ма и ни­ко­гаш не­ма да за­тал­ка­те во не­про­од­ни­те шу­ми на зло­то, пол­ни со гр­му­шки, на­чич­ка­ни со тр­ње, со кр­во­лоч­ни ѕве­ро­ви, на­се­ле­ни во мра­кот, што дем­нат на за­тал­ка­ни­те ка­ко на ле­сен плен.

Тр­пе­ни­е­то е со­стој­ба од ко­ја из­ви­ра­ат му­дро­ста и соз­на­ни­е­то, но најм­но­гу од сѐ – ви­сти­на­та, што е и нај­важ­но.

Ви­сти­на­та ве спре­чу­ва да про­пад­не­те мо­рал­но и ду­хов­но. Таа е ви­стин­ски­от из­вор на си­гур­но­ста и хар­мо­ни­ја­та. Ви­сти­на­та ве др­жи во жи­вот, сѐ дру­го е са­мо пре­жи­ву­ва­ње.

Не е проб­ле­мот во зло­то кај дру­ги­те, проб­ле­мот е се­ко­гаш во не­до­сти­гот од тр­пе­ние кај нас са­ми­те. За­тоа, да се фа­ти­ме за на­ша­та нај­го­ле­ма на­ци­о­нал­на доб­лест – тр­пе­ни­е­то.

Исто­ри­ја­та ште­дро и сли­ко­ви­то ни по­ка­жу­ва до ка­кви ка­та­стро­фи но­си отсус­тво­то на тр­пе­ние. По­не­ко­гаш не­шта­та не мо­жат да се вра­тат во пр­во­бит­на­та со­стој­ба отка­ко ко­дот на тр­пе­ни­е­то ќе би­де пре­кр­шен и не­кој им­пул­си­вен и не­кон­тро­ли­ран гест ќе пре­диз­ви­ка ни­за од еска­ли­рач­ки ре­ак­ции, кои ве­ќе ни­ка­ко не мо­жат да се сов­ла­да­ат. Овие не­по­са­ку­ва­ни ла­ви­ни од зло тре­ба да би­дат пре­ве­ни­ра­ни со ед­но дос­лед­но тр­пе­ние и то­ле­ран­ци­ја.

Ние сме ма­ла за­ед­ни­ца на лу­ѓе со раз­лич­ни та­би­е­ти, ве­ри и кул­ту­ри и си­те жи­ве­е­ме во па­зу­ви­те на оваа ма­ла и сѐ уште си­ро­маш­на др­жа­ва. Единс­тве­на­та вред­ност со ко­ја мо­же­ме да се но­си­ме про­тив иску­ше­ни­ја­та, кои ха­ра­ат по свет­ски­те ме­ри­ди­ја­ни, е ток­му умет­но­ста на тр­пе­ни­е­то.

Таа умет­ност е умет­ност над умет­но­сти­те и по­ли­ти­ка над по­ли­ти­ки­те. Тр­пе­ни­е­то ќе ви воз­вра­ти со го­лем ду­хо­вен бе­ри­ќет во вре­ми­ња ко­га нај­мал­ку се на­де­ва­те на тоа.

За­тоа овој Бо­жиќ, без ог­лед да­ли го чес­тву­ва­те по Гре­го­ри­јан­ски­от или по Ју­ли­јан­ски­от ка­лен­дар, би­де­те тр­пе­ли­ви и истрај­ни ка­ко што е мај­ка­та кон сво­е­то че­до.

Top