сабота, 25 март 2017 | Вести денес: 5 ново

Правила за празнично облекување

На вас останува да одберете што ќе облечете, но ние ви нудиме насоки што ќе ви ја олеснат маката поврзана со празничното облекување

Комбинезон место фустан

Комбинезонот е многу повпечатлив од фустанот. Може да бидете сигурни дека сите ќе ја забележат кај вас оваа мала замена на модните тези.

Многу светки

Никогаш не можете да претерате со материјали со светки, но можете да претерате со мешање на боите. Црна, сребрена, сина и зелена боја во светкава варијанта се полн погодок.

Сандали место чевли

Ако на местото на кое ќе ја славите новогодишната ноќ ќе одите со автомобил и не планирате да излегувате надвор, тогаш слободно може да експериментирате. Класичните салонки и чизми, кои на новогодишната забава ќе ги носи секоја девојка, не мора да бидат ваш избор. Ако сакате да оставите впечаток, тогаш вистинскиот избор се секси сандали со каивче.

Доминација на боја

Еден трик за впечатлив изглед: облечете се во една боја од глава до петици.

Јакна

Вкупниот изглед може да го збогатите со јакна или капут. Тие ќе го збогатат вашиот новогодишен изглед и ќе ве стоплат.

Не заборавајте на удобноста

Ниту еден фустан нема да изгледа доволно добро ако ви го истакнува стомакот или, пак, ако ве стега. Ако се чувствувате добро, и ќе изгледате добро.

Омилени обувки

Можеби ова е вистинско време за купување нови чевли, се разбира такви со кои ќе можете да играте цела вечер.

Разликувајте се од другите

Од кутијата за накит извадете ги обетките и ѓерданот што ги чувате за посебна пригода. Ова е нивната ноќ.

 

 

Top