среда, 28 јуни 2017 | Вести денес: 2 ново

Ова е најздравиот колач на светот

Едноставен за подготовка, а многу здрав. Дознајте зошто пастел или интрион бил најпосакуваното слатко задоволство во стара Грција и на Блискиот исток.

Тоа е колач од само две состојки – мед и сусам – кој е толку здрав и лековит што секој би требало да го проба. Рецептот за пастел или интрион е стар околу 6000 години, а се споменува и во старите записи. Го консумирале војниците за сила пред заминување во борба, а жените со него ја стимулирале работата на хормоните.

Ова се предностите од овој колач:

– Преполн е со витамини и минерали

– Содржи антиоксиданти

– Ги регулира мастите во крвта

– Дава енергија за тешки физички работи

– Го намалува чувството на депресија

– Го поправа расположението

– Го намалува нивото на стрес

Состојки

– 300 грама паста од чист мелен сусам – наречена тахини

– 300 грама мед

Подготовка:

1. Добро измешајте и направете топчиња

2. Ставете ги малку во фрижидер да се стегнат.

Совет:

Тахини можете да направите и сами. Потребно ви е излупено, сирово семе сусам, малку масло од сусам, но може и маслиново масло. Пред да го сомелете во блендерот, запржете го сусамот во сува тава со често мешање додека да добие златна боја. Внимавајте да не ви загори. Ставете го во блендер, додадете лажичка-две масло и блендирајте додека да добиете глатка смеса.

Top