понеделник, 23 јануари 2017 | Вести денес: 81 ново

Внимавајте какви статуси објавувате на „Фејсбук“

Крајот на годината вообичаено е идеално време да се свртиме наназад и да размислиме каде сме погрешиле и што ќе научиме од тие грешки.

Но, можно е за многумина како најголема грешка во 2016 година да се покаже фактот дека на Фејсбук споделувале лажни вести, хорор фотографии или целосно бесмислени информации, објави „Индепендент“.

Според весникот, доколку сте објавиле некои од наведените работи во текот на оваа година, би требало да размислете за своето однесување на социјалните мрежи.

Весникот наведува дека на листата на овие „лоши“ објави се фотографии на познатли личности со непроверени цитати под нив, вести од сатирички страници за кои не сте уверени дека се вистинити и непроверена приказна чија единствена цел е ширење на омраза.

Ако на портал за кој дотогаш не се слушнале прочитате нешто што звучи премногу лудо за да биде вистинито, тогаш не би требао да го објавите на вашиот ѕид, заклучува „Индепендент“. в

Top