недела, 22 јануари 2017 | Вести денес: 17 ново

Намалувањето на загадувањето на воздухот дел од стратегиските приоритети и цели на ВМРО-ДПМНЕ

Nermin-Telovska-200

Нермин Теловска, Магистер по Компаративна јавна администрација на Европската Унија

Загадувањето на воздухот е една несакана состојба на природната средина, при која, воздухот е загаден со супстанции што се штетни по здравјето на човекот. Штетното влијание на загадениот воздух најчесто се манифестира врз мозокот и нервниот систем,  респираторниот тракт, срцето и крвните садови или кардиоваскуларниот систем, доведува до иритација на кожата и носи ризик за малигно заболување на стомачните органи.

Се чини дека овој проблем е присутен секаде во светот, без разлика дали се работи за издувните гасови од автомобилите, чад од домашните согорувачи или од фабриките. Загадувачите можат да бидат во форма на цврсти честички, течни капки или гасови. Освен тоа, тие можат да се природни или создадени од човекот.

Не постои светска база за податоци за нивото на загадување на воздухот, која би ја прикажала комплетната слика за загадувањето и исто така би се имало увид кои земји се најсилно погодени со овој проблем, во прилог на ова оди и фактот за не постоење станици за мониторинг на квалитетот на воздухот, во сите градови.

Во однос на компаративните искуства од други држави во врска со следењето на состојбите и превземањето активности за подобрување на квалитетот на воздухот и намалувањето на загадувањето на истиот, при истражувањето на достапните информации на веб страните од нивните министерства, агенции и фондови за заштита на животната средина, се добива јасен увид во генералноста и сериозноста на овој проблем, односно неговото постоење како во околните така и во оддалечените европски и светски држави. Во извештајот на европската агенција за заштита на средината – ЕЕА (European Environment Agency), за квалитетот на воздухот во Европа, кој го дава во 2015 година, поголемиот дел од градското население и понатаму е изложено на воздушно загадување кое е на ниво кое според Светската здравствена организација, се смета за небезбедно. Најпроблематични загадувачки материи кои влијаат на човечкото здравје,  се суспендираните честички (РМ), приземен озон (О3) и азот диоксид (NO2). Овој извештај содржи податоци од повеќе европски земји. Концентрациите на PM10 ја надминуваат граничната вредност на  дневниот лимит, во Бугарија, Италија, Полска, Словачка и Балканскиот регион, како и во неколку урбани региони низ Европа, вклучително и во нордиските земји.  Исто така и концентрациите на PM2.5 се повисоки од целната вредност на неколку мерни места во Бугарија, Чешка, Италија и Полска, како и една станица во Франција, Република Македонија, Косово во согласност со резолуцијата на Советот за безбедност на ОН 1244/99, Романија и Словачка (ЕЕА – European Environment Agency, 2015).  Во соседната Република Србија, присуството на суспендираните честички во воздухот е изразен  феномен. Според  достапните податоци, честичките PM10 се еден од доминантните загадувачки материи. Според податоците на на ЕЕА (Европска агенција за животна средина, 2013), во периодот од 2009 до 2011 година, 22-33% од населението во ЕУ се потенцијално изложени на такво влијание.

Кога се зборува за загаденост на воздухот кај нас во Македонија, посебно се истакнува постоењето на овој проблем во Скопје, Тетово и Битола. Загриженоста за овој сериозен проблем, е присутен кај граѓаните, кај стручната јавност како и кај Владата на Република Македонија, соодветните министерства и агенции, универзитетите и други организации и институции.

Врз основа на анализите на податоците добиени во изминатите години од мониторинг станиците на државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух, во Скопје, се забележува дека концентрациите на загадувачките супстанции на сулфур диоксид, азот диоксид и јаглероден моноксид не ги надминуваат пропишаните гранични вредности, за разлика од минатото каде сулфур диоксидот беше една од позначајните  загадувачки супстанци. Очигледна е позитивната промена што е настаната во однос на квалитетот на амбиенталниот воздух со промена на стандардите и квалитетот на горивата. Во летниот период има појава на надминување на целните вредности на озонот, поради зголемената сончева радијација, како и од појавата на фотохемскиот ефект на азотни оксиди кои исто така ја покачуваат концентрацијата на озонот. Оваа појава е карактеристична за сите земји во јужниот дел од Европа, кои имаат голем број на сончеви денови во летниот период.

Генерално, од досегашните анализи на автоматските мерни станици на Министерството за животна средина и просторно планирање започнувајќи од 2004 година до сега,  може да се каже дека во Република Македонија има појава на надминување на граничните вредности за суспендирани честички со големина до 10 микрометри. Во зимскиот период се забележуваат значително високи концентрации на оваа загадувачка супстанца. Концентрациите во  град Скопје се за неколку пати поголеми од пропишаната среднодневна гранична вредност. Во зимскиот период влијанието на главните извори на суспендирани честички од 10 микрометри значително се зголемува поради климатолошките и метеоролошките услови, карактеристични за градот Скопје.

Можни извори на загадувањето се: Производните процеси; Затоплувањето; Сообраќајот; Урбанизацијата; Природните услови, географската положба на Скопје е таква, да градот е распространет во  котлина опкружена со планини, поради што во зимскиот период е присутна честа појава на магла и на температурна инверзија (ладниот воздух во горните слоеви на атмосферата го заробува топлиот воздух во долните слоеви),  а при стабилно време без ветер, нема струење на воздухот и сите загадувачки материи остануваат на местото каде се создаваат.

Во однос на политиките на владата и министерствата во однос на заштитата на животната средина и природата, Владата на Република Македонија, 2012 година, донесе Национален план за заштита на амбиенталниот воздух во Република Македонија за периодот од 2013 до 2018 година. Со овој план се презентира состојбата и се дефинираат мерките за заштита и подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух, за периодот од 2013 до 2018 година (Влада на Република Македонија, 2012). Во овој Национален план, врз база на главните извори на емисии на загадувачките супстанции и следењето на квалитетот на воздухот, дефинирани се мерките за заштита, одржување и подобрување на амбиенталниот воздух, кои би требало да придонесат кон редукција на емисиите на ефикасен и одржлив начин и да го унапредат квалитетот на живеење во Република Македонија.

Стратегиските приоритети и цели на ВМРО-ДПМНЕ за периодот 2017-2020, во врска со намалувањето на загадувањето на воздухот, кои се дел од програмата РЕАЛНО (http://vmro-dpmne.org.mk/files/vmro_programa_2017-2020_web.pdf), следат во понатамошниот текст.

Енергетски ефикасна образовна инфраструктура, со цел, подобрување на условите на сите објекти на образованието, со енергетски ефикасни фасади, замена на прозорци, систем на греење на пелети, користење на одржливи-обновливи извори на енергија, гасификација каде што има услови;

Изградба на систем за топлификација на Битола, Могила и Новаци, со користење на топлинска енергија од РЕК Битола. Со воведувањето на топлинската енергија во дел од Пелагонискиот Регион, значително ќе се намали употребата на нафта и огревно дрво во домаќинствата, јавните објекти и индустријата, со што дополнително ќе се намали емисијата на штетните гасови. Дополнително, значително ќе се подобри квалитетот на живот на сите граѓани што ќе се приклучат на топлификациската мрежа со оглед на помалите трошоци за затоплување на домовите со топлинска енергија;

Изработка на студии за изградба на високоефикасни постројки за производство на електрична и топлинска енергија во регионите помеѓу Велес, Штип и Кочани, Полошкиот и Скопскиот Регион. Ова значително ќе ја намали употребата на нафта и огревно дрво во домаќинствата, јавните објекти и индустријата. Со тоа, ќе се намали емисијата на штетни гасови кои се резултат на процесот на согорување и ќе се подобри квалитетот на воздухот во овие региони;

Намалување на емисија на прашина и штетни честички (pm 10) на ТЕЦ Битола, се изработува и студијата за десулфуризација на РЕК Битола;

Обновливи извори на енергија: водниот потенцијал, сончевата енергија, енергијата од ветерот, биомасата и биогасот, како и геотермалната енергија;

Технички решенија за зголемување на инсталираниот капацитет на обновливи извори на енергија во електроенергетскиот ситем. АД Мепсо ќе направи студиски анализи за создавање на технички и законски услови за зголемување на инста- лираниот капацитет на обновливите извори на електрична енергија кои се интегрираат во електроенергетскиот систем. На тој начин се зголемува учеството на електрична енергија од обновливи извори во електроенергетски- от систем со што би се намалиле емисиите на стаклени гасови и би се зачувала животната средина;

Целосно искористување на хидропотенцијалот во западна Македонија. Преку реализација на овој проект би се зголемило учеството на енергијата од обновливи извори во финалната потрошувачка на електрична енергија и ќе се произведе чиста енергија без емисија на стакленички гасови;

Намалување на акциза за намешани био горива;

Субвенции за набавка на електрични автомобили;

Ваучери за плински уреди за автомобили со ЕУРО 0, 1, 2 и 3 стандард кои ќе се распределат на јавен повик секоја година;

Повластена стапка на ддв од 5% за печки и котли на пелети и на пелетите за греење;

Просубвенции за греење со пелети, преку субвенции до 70% од трошоците на домаќинствата за купување на печки и котли на пелети, преку замена на постојните печки на дрва и јаглен по принципот „старо за ново“, а најмногу до 30.000 денари по домаќинство, намалување на цената на пелетите и на печките и котлите на пелети, преку намалување на стапката на ДДВ од 18% на 5% во период од 10 години, субвенции за инсталирање на централни системи за загревање со пелети во поголеми станбени објекти и други големи потрошувачи;

Искористување на биомасата од шумите за производство на пелети и зелена енергија врз основа на што ќе се донесуваат едногодишни планови.

Следење на квалитетот на течните горива;

Гасификација на Република Македонија;

Изградба на националниот гасоводен систем;

Отворени владини податоци, порталот http://www.otvorenipodatoci.gov.mk/ во моментов содржи 154 податочни пакети од 24 институции и овој број континуирано се зголемува. Преку искористување на отворените податоци досега се создадени неколку апликации кои наоѓаат широка примена во секојдневниот живот, меѓу кои „Мој воздух“;

Засадување на растенија покрај градските сообраќајници за фито ремедијација од тешки метали;

Берово прв екоград, со цел да спроведе напредни еколошки технологии, селектирање и рециклирање на отпадот, управување со заштитени подрачја, управување со загадени води, подобрување на квалитетот на воздухот, енергетски ефикасни мерки, намалување на бучавата и сл.

 

 

Top