вторник, 17 октомври 2017 | Вести денес: 76 ново

Мики Јевремовиќ се бори за живот

Српскиот пејач Мики Јевремовиќ (75) доживеал мозочен удар и итно е хоспитализиран во полусвесна сосотојба. Лекарите се борат за неговиот живот.

Во последните години Мики има многу проблеми. Имал урен развод со сопругата Соња, која пред четири години јавно го обвини дека ја тепал, а Мики само кусо искоментира дека не знае зошто седум години по разводот коментира такви работи.

Во тоа време по речиси пет години кариера остана без сѐ што стекнал и стана кираџија. Се исели од станот кој со години ги делел со поранешната сопруга, за што со години и водела судски спор.

Оттогаш живее со ќерката и зетот во станот на својт брат.

Мики Јевремовиќ е легенда на југословенската музика, а македонската публика го памети по евергринот „Кој да ти каже Ивана“.

 

Top