вторник, 21 февруари 2017 | Вести денес: 71 ново

Почина актерката Кери Фишер, принцезата Леја во „Војна на ѕвездите“

23

Познатата актерката Кери Фишер (60) почина денес, потврди нејзиното семејство.. Таа беше најпозната по својата улога како принцезата Леја во филмскиот серијал „Војна на ѕвездите“. Минатата недела имаше срцев удар за време на авионски лет и оттогаш беше на интензивна нега. Портпаролот на семејството објави соопштение во кое се наведува дека актерката починала утринава во 8:55 часот.

– Беше сакана од светот и на сите ќе им недостига. Целото семејство ви се заблагодарува за вашите мисли и молитви, стои во соопштението.

keri-fiser-768x432

Кери Фишер е најпозната по улогата на принцезата Лејла во трилогијата „Војна на ѕвездите“, а во Лос Анџелес се враќала по промоцијата на своите мемоари во Лондон.

Top