недела, 17 декември 2017 | Вести денес: 0 ново

Даштевски: Заев треба да го исполни ветеното и да си поднесе оставка

dastevski

По поразот на предвремените парламентарни избори, лидерот на СДСМ Зоран Заев би требало да го исполни ветеното и да поднесе оставка, смета аналитичарот Александар Даштевски.

– Видовме дека лидерот на ДПА Мендух Тачи си поднесе оставка поради слабите резултати. Она што ќе се каже, а нема да се исполни во понатамошниот период тежи, ако Заев не си даде оставка тоа ќе му биде голем минус во кариерата и ќе испровоцира внатре-партиски судири, изјави Даштевски за ТВ Нова.

Тој додаде дека оставката што евентуално би ја поднел Заев, не мора да значи крај на неговата политичка кариера.

– Сметам дека лидерот на СДСМ е млад човек, па ако моментално се повлече бидејќи даде збор, има шанси понатаму повторно да се врати во политиката, додаде Даштевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top