четврток, 30 март 2017 | Вести денес: 1 ново

Џорџ Мајкл подготвувал нов албум и документарец

Џорџ Мајкл почина додека работеше на нов албум и на документарен филм планирани да се објават во 2017 година. Новиот албум го работеше со британскиот продуцент Ноти Бој, кој на почетокот на декември за БиБиСи рече дека едвај го чека новиот албум.

-Едвај чекам, не знам што да очекувам. И да бидам искрен тој е мистериозен повеќе од било кој друг, па сум многу возбуден. Го повикав да му понудам соработка и тој ми возврати. Планира нов албум за следната година а ќе соработува и на мојот албум- откри тогаш Ноти Бој.


Последната објава на официјалната Инстаграм страница на Џорџ Мајкл @georgemichaelofficial е стара седум недели, кога се најавува документарниот филм „ Freedom“ (Фридам). Филмот ги открива случувањата зад сцена за време на создавањето на вториот соло- албум „Listen Without Prejudice Vol.1″ од 1990 година. Црно-белата фотографија е омотот за албумот “Listen…”, најава за премиера за филмот за напролет 2017 година. Мајкл и „Сони“ одлучиле во исто време да објават и реиздание на албумот.

Во документарецот би требало да се најдат и интервјуа со Наоми Кембел и Синди Крафорд, кои беа ѕвезди во спотот за „Фридам“ во режија на Дејвид Финчер, а наратор треба да биде самиот Мајкл. За сега нема вести дали смртта ќе влијае на премиерата.


Џорџ Мајкл последен пат настапи во 2012 во Лондон при својата европска турнеја Симфоника.

Top