вторник, 28 март 2017 | Вести денес: 20 ново

И БМВ има мана: 200.000 возила можат да експлодираат во секој момент

Произведувачот на луксузните автомобили BMW ќе повлече речиси 200.000 возила од Кина, поради неисправни воздушни перничиња.

„Ќе бидат отповикани 168.680 возила произведени во периодот од декември 2005 година до истиот месец 2011 година, како и 24,750 возила произведени во Кина меѓу јули 2005 и декември 2011 година“, се наведува во соопштението објавено на интернет страницата на кинеската Општа управа за надзор на квалитетот, инспекција и излолација (ASDIQ).
ASDIQ наведува дека генераторот за гас во неисправните воздушни перничиња може одеднаш да експлодира, испалувајќи делчиња кои претставуваат опасност за возачот, пренесоа светските агенции.

Компанијата бесплатно ќе ги замени неисправните генератори за гас во воздушните перничиња.

Компанијата BMW Кина порано овој месец соопшти дека ќе отповика 22.540 увезени BMW и Rolls-Royce поради тој дефект.

„Воздушните перничиња во некои увезени BMW и Rolls-Royce автомобили произведени меѓу 2011 и 2012 година не може правилно да се надуваат поради грешка во програмирањето“, наведе компанијата.

Top