понеделник, 21 август 2017 | Вести денес: 79 ново

На Божик си замина уште една легенда – почина Џорџ Мајкл

На 53-годишна возраст во својот дом во Оксфордшир вечерва, на Божик, почина Џорџ Мајкл. Пејачот претходно ја победи зависноста од алкохол и дрога. Сепак, засега се уште не се познати околностите под кои настапила смртта.

Пејачот, чие вистинско име е Георгиос Киријакос Панајоту, има продадено преку 100 милиони албуми во кариерата долга речиси 4 децении.

Во изјавата за медиумите неговата прес-служба наведува:

„Со голема тага ви потврдуваме дека нашиот сакан син, брат и пријател Џорџ почина мирно во својот дом за време на Божиќните празници. Ве молиме да ја почитувате нашата приватност и тагата низ која минуваме. Засега нема да даваме други изјави.“

Top