сабота, 25 март 2017 | Вести денес: 0 ново

Видеото на Адел најгледана снимка на Јутјуб во 2016-та (Видео)

Видеото на британската пејачка Адел во кој таа ги пее своите хитови во автомобил се наоѓа на врвот од листата на најгледаните снимки на интернет сервисот Јутјуб за оваа 2016 година.

Учеството на Адел во емисијата „Carpool Karaoke“ на телевизиската мрежа CBS во коешто славните личности како неа, Џастин Бибер или Мишел Обама, седат до водителот Џејмс Корден во автомобил кој се движи и со него разговараат и пеат дуети, забележало во текот на 2016 година повеќе од 135 милиони прегледи на видео платформата на Гугл.

На второто место на листата на YouTube се наоѓа култната песна „Pen-Pineapple-Apple-Pen“во изведба на Пико Тара.

Top