понеделник, 23 април 2018 | Вести денес: 0 ново

„Џарвис“, чудо од помошник кој Цукнеберг го командува преку глас (Видео)

Марк Цукерберг го претстави својот нов домашен помошник, а тоа е гласовната програма „Џарвис“, озвучена со препознатливиот глас на Морган Фримен.

Сопственикот на „Фејсбук“ се пофали со тој проект неколкупати на својата социјалната мрежа.

На објавените видеа, тој преку гласовни команди го контролира осветлувањето во својот дом, температурата, па дури и тостерот.

„Џарвис“ го доби својот назив по својот урнек во научнофантастичниот филм „Железен човек“, што исто така беше „озвучен“ од Морган Фримен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top