понеделник, 24 април 2017 | Вести денес: 0 ново

На дис­ле­кси­ја­та тре­ба да гле­да­ме ка­ко на по­зи­тив­на ка­ра­кте­ри­сти­ка кај лу­ѓе­то

По­сто­јат по­ве­ќе ме­то­ди за ко­рек­ци­ја на дис­ле­кси­ја­та, кои мно­гу им по­ма­га­ат на овие ли­ца. Иа­ко кај нас по­сто­јат две обу­че­ни ли­ца за ра­бо­та со уче­ни­ци со дис­ле­кси­ја, се на­де­вам де­ка во бли­ска ид­ни­на  бро­јот на обу­че­ни ли­ца  за дис­ле­кси­ја ќе се зго­ле­ми, ве­ли Ни­ко­лов­ски

Здру­же­ни­е­то за дис­ле­кси­ја „Ајн­штајн“ го прос­ла­ви тре­ти­от ро­ден­ден со ор­га­ни­зи­ра­ње ху­ма­ни­та­рен на­стан во кој се со­би­раа средс­тва за ле­ку­ва­ње на де­те за­бо­ле­но од це­ре­брал­на па­ра­ли­за, на кое му е не­оп­ход­на опе­ра­ци­ја на ста­па­ло­то. Здру­же­ни­е­то за овие три го­ди­ни од по­сто­е­ње­то ус­пеа ја да ани­ми­ра јав­но­ста за тоа што е дис­ле­кси­ја, ка­ко да се пре­поз­нае. Дис­ле­кси­ја­та е спе­ци­фич­на те­шко­ти­ја при чи­та­ње, пи­шу­ва­ње и при спе­лу­ва­ње. Тоа не е бо­лест, а те­шко­ти­и­те со чи­та­ње­то мо­же да се над­ми­нат со по­себ­ни тех­ни­ки, ве­ли Дам­јан Ни­ко­лов­ски, пре­тсе­да­тел на здру­же­ни­е­то за дис­ле­кси­ја „Ајн­штајн“.

Пред три го­ди­ни, ко­га се фор­ми­ра­ше здру­же­ни­е­то за дис­ле­кси­ја „Ајн­штајн“, мал­ку­ми­на беа за­поз­на­е­ни со те­шко­ти­ја­та при чи­та­ње, пи­шу­ва­ње и при спе­лу­ва­ње. Ка­ква е со­стој­ба­та де­нес во Ма­ке­до­ни­ја? Да­ли јав­но­ста има по­ве­ќе ин­фор­ма­ции за дис­ле­кси­ја­та?

НИКОЛОВСКИ: Ток­му та­ка, пред три го­ди­ни ре­чи­си ни­кој не бе­ше ин­фор­ми­ран за оваа со­стој­ба. Ток­му од тоа и про­из­ле­зе иде­ја­та за фор­ми­ра­ње­то на на­ше­то здру­же­ние. Де­не­ска со за­до­волс­тво мо­жам да ка­жам де­ка се дви­жи­ме во на­гор­на на­со­ка. Јав­на­та свест за дис­ле­кси­ја­та е на мно­гу по­ви­со­ко ни­во. На­ша­та стра­те­ги­ја пр­венс­тве­но го оп­фа­ќа­ше ин­фор­ми­ра­ње­то и еду­ци­ра­ње­то на на­став­ни­от ка­дар за оваа со­стој­ба, ка­ко ли­ца што би тре­ба­ло пр­ви да ја пре­поз­на­ат кај сво­и­те уче­ни­ци  и тоа го на­пра­вив­ме при­лич­но ус­пеш­но. Се­га се на ред ро­ди­те­ли­те …

Да­ли учи­те­ли­те и про­фе­со­ри­те на­у­чи­ја де­ка уче­ни­ци­те со дис­ле­кси­ја ни­ту се бол­ни, ни­ту се мрз­ли­ви?

НИКОЛОВСКИ: Ка­ко што е во се­кое оп­штес­тво, та­ка е и кај нас, дел од на­став­ни­ци­те мно­гу до­бро ја раз­браа оваа со­стој­ба и по­ка­жаа го­ле­ма жел­ба и по­све­те­ност да им по­мог­нат на овие уче­ни­ци. Но, се­пак, има­ме и на­став­ни­ци што не по­ка­жу­ва­ат ин­те­рес за дис­ле­кси­ја­та и сѐ уште уче­ни­ци­те со дис­ле­кси­ја ги ка­ра­кте­ри­зи­ра­ат ка­ко мрз­ли­ви, нес­по­соб­ни, а че­сто и ка­ко бол­ни. На­став­ни­ци­те мо­ра­ат да раз­бе­рат де­ка со ва­кво­то од­не­су­ва­ње пра­ват не­про­цен­ли­ва ште­та врз овие уче­ни­ци. Но, не се­ко­гаш ви­на­та тре­ба да се ба­ра во на­став­ни­ци­те. Не се ни­ту тие ви­нов­ни што во те­кот на сво­е­то обра­зо­ва­ние не ја изу­чу­ва­ле со­стој­ба­та дис­ле­кси­ја, но се­га ко­га ве­ќе се до­стап­ни ин­фор­ма­ци­и­те и си­те пре­по­ра­ки за тоа ка­ко тре­ба да се од­не­су­ва­ат со уче­ни­ци­те со дис­ле­кси­ја, не гле­дам ни­ка­кво оправ­ду­ва­ње.

damjan-custom

Дис­ле­кси­ја­та не е бо­лест за да се ле­ку­ва, ту­ку е со­стој­ба, ко­ја е до­жи­вот­на и не се над­ми­ну­ва, вели Николовски

До­би­ва­ат ли уче­ни­ци­те со дис­ле­кси­ја по­го­ле­ма под­др­шка од сво­и­те учи­те­ли и про­фе­со­ри?

НИКОЛОВСКИ: Да, ин­фор­ми­ра­ни­те и по­све­те­ни на­став­ни­ци мно­гу до­бро ја раз­браа оваа со­стој­ба и се свес­ни од кол­ку го­ле­мо зна­че­ње е под­др­шка­та што им ја да­ва­ат на  овие уче­ни­ци и ток­му тоа и го пра­ват.

Да­ли дис­ле­кси­ја­та се ле­ку­ва, од­нос­но да­ли се над­ми­ну­ва?

НИКОЛОВСКИ: Мо­рам да наг­ла­сам де­ка дис­ле­кси­ја­та не е бо­лест за да се ле­ку­ва, ту­ку е со­стој­ба, ко­ја е до­жи­вот­на и не се над­ми­ну­ва. Иа­ко, мо­же­би, ова зву­чи по мал­ку страш­но, мо­рам да ги охра­брам си­те де­ка не е ап­со­лут­но ни­што страш­но. На дис­ле­кси­ја­та тре­ба да гле­да­ме ка­ко на по­зи­тив­на ка­ра­кте­ри­сти­ка кај лу­ѓе­то. За да се дој­де до мо­мен­тот да се истак­нат по­зи­тив­ни­те стра­ни на дис­ле­кси­ја­та, таа мо­ра да би­де пре­поз­на­е­на на ра­на во­зраст, од­нос­но во ос­нов­но учи­ли­ште и де­те­то да се на­со­чу­ва во на­та­мош­ни­от тек на обра­зо­ва­ни­е­то. По­сто­јат по­ве­ќе ме­то­ди за ко­рек­ци­ја на дис­ле­кси­ја­та, кои мно­гу им по­ма­га­ат на овие ли­ца. Иа­ко кај нас по­сто­јат две обу­че­ни ли­ца за ра­бо­та со уче­ни­ци со дис­ле­кси­ја, се на­де­вам де­ка во бли­ска ид­ни­на  бро­јот на обу­че­ни ли­ца  за дис­ле­кси­ја ќе се зго­ле­ми.

Ко­га се фор­ми­ра­ше здру­же­ни­е­то иде­ја­та бе­ше да има по­го­ле­ма со­ра­бо­тка со на­став­ни­ци­те и ин­сти­ту­ци­о­нал­но ре­ша­ва­ње на проб­ле­ми­те на уче­ни­ци­те. Да­ли има по­до­бру­ва­ње во оваа на­со­ка?

НИКОЛОВСКИ: Дис­ле­кси­ја­та тре­ба да се ре­ша­ва на ин­сти­ту­ци­о­нал­но ни­во и ќе ка­жам де­ка ние сѐ уште сме да­ле­ку од ре­ша­ва­ње на проб­ле­мот. Но, ка­ко што ка­жав и прет­ход­но, има на­пре­док тоа се дол­жи на ин­те­ре­сот што го по­ка­жаа са­ми­те на­став­ни­ци. Во од­нос на ин­сти­ту­ци­и­те, кои се су­штин­ски за кре­и­ра­ње на обра­зов­на­та по­ли­ти­ка, на­и­дов­ме на ма­ли преч­ки. Но, јас лич­но ве­ру­вам во ма­ке­дон­ски­те ин­сти­ту­ции и се на­де­вам де­ка со те­кот на вре­ме­то сѐ ќе би­де ре­ше­но та­ка ка­ко што е по­треб­но. Не­мо­же­ме да оче­ку­ва­ме де­ка сѐ ќе се ре­ши пре­ку ноќ, би­деј­ќи ни­ка­де тоа не функ­ци­о­ни­ра та­ка. Факт е де­ка за дис­ле­кси­ја поч­на да се збо­ру­ва пред  са­мо три го­ди­ни и ток­му за­тоа и на ин­сти­ту­ци­и­те им оста­ва­ме по­ве­ќе вре­ме за ре­ша­ва­ње на овој проб­лем.

damjan-04-custom

На­ши­от обра­зо­вен си­стем не е прис­по­со­бен за овие уче­ни­ци и во одре­де­ни си­ту­а­ции дис­ле­кси­ја­та тре­ба да пос­лу­жи ка­ко оправ­да­ние, осо­бе­но во од­нос на ек­стер­но­то те­сти­ра­ње и во од­но­сот на на­став­ни­ци­те кон овие уче­ни­ци

Кој про­це­ну­ва де­ка не­кој уче­ник има дис­ле­кси­ја и да­ли има „оправ­да­ние“ за тоа во учи­ли­ште­то?

НИКОЛОВСКИ: Во од­нос на про­це­на­та за дис­ле­кси­ја по­втор­но има­ме проб­лем. На­став­ни­кот е тој што би тре­ба­ло прв да ја за­бе­ле­жи оваа со­стој­ба, но не и со си­гур­ност да ка­же де­ка не­кое де­те има дис­ле­кси­ја. Во раз­ви­е­ни­те зем­ји во се­кое учи­ли­ште има тим со­ста­вен од учи­ли­шен пе­да­гог, пси­хо­лог и од еден на­став­ник, кои се обу­че­ни за дис­ле­кси­ја и вр­шат про­це­на, но тоа кај нас сѐ уште го не­ма. Исто та­ка, кај нас сѐ уште не­ма стан­дар­ди­зи­ран ин­стру­мент за про­це­на на дис­ле­кси­ја­та. Ние ка­ко здру­же­ние, во со­ра­бо­тка со струч­ни ли­ца, ра­бо­ти­ме ток­му на тоа. Спо­ред мо­е­то мис­ле­ње, дис­ле­кси­ја­та не би тре­ба­ло да слу­жи ка­ко оправ­да­ние во учи­ли­ште, уче­ни­ци­те со дис­ле­кси­ја се исти ка­ко и си­те дру­ги уче­ни­ци и, спо­ред тоа, не би тре­ба­ло да има оправ­да­ние. Ме­ѓу­тоа, на­ши­от обра­зо­вен си­стем не е прис­по­со­бен за овие уче­ни­ци и во одре­де­ни си­ту­а­ции дис­ле­кси­ја­та тре­ба да пос­лу­жи ка­ко оправ­да­ние, осо­бе­но во од­нос на ек­стер­но­то те­сти­ра­ње и во од­но­сот на на­став­ни­ци­те кон овие уче­ни­ци.

Ка­ко здру­же­ни­е­то оваа го­ди­на ја прос­ла­ви го­диш­ни­на­та и кои се пла­но­ви­те за ид­ни­на?

НИКОЛОВСКИ: Ро­ден­де­нот на здру­же­ни­е­то и оваа го­ди­на има­ше ху­ма­ни­та­рен ка­ра­ктер, од­нос­но цел­та бе­ше со­би­ра­ње до­на­ции за ма­ли­от Да­вид Ѓор­ѓи­ев­ски, де­тен­це што имам це­ре­брал­на па­ра­ли­за и ит­но му е по­треб­на опе­ра­ци­ја на ста­па­ло­то. Пла­но­ви­те за ид­ни­на­та ни се го­ле­ми, но кол­ку се ос­твар­ли­ви, ќе ви­ди­ме. Во 2017 го­ди­на про­дол­жу­ва­ме со еду­ка­ци­ја на на­став­ни­ци, од­нос­но ќе поч­не­ме со вто­ри­от мо­дул на се­ми­на­ри. Кам­па­њи­те за ин­фор­ми­ра­ње на на­се­ле­ни­е­то кон­ти­ну­и­ра­но ќе си тра­ат. Ка­ко глав­ни за­да­чи што ни се за­да­де­ни за 2017 го­ди­на се актив­но вклу­чу­ва­ње и ин­фор­ми­ра­ње на мла­ди­те за дис­ле­кси­ја­та ка­ко гру­па на гра­ѓа­ни што до­се­га ја не­ма­ме оп­фа­те­но и по­а­ктив­но вмре­жу­ва­ње и со­ра­бо­тка со истак­на­ти ме­ѓу­на­род­ни ин­сти­ту­ции и асо­ци­ја­ции за дис­ле­кси­ја.

Раз­го­ва­ра­ше: Але­ксан­дра М. Бун­да­лев­ска

Фо­то: Але­ксан­дар Ива­нов­ски

(интервјуто е објавено во 225. број на неделникот Република кој излезе во печат на 23.12.2016)

Top