недела, 23 април 2017 | Вести денес: 48 ново

СЈО им дели благодарници за ковање клинци во темница на најагресивните поддржувачи на СДСМ (ФОТО)

Најагресивните поддржувачи на СДСМ не само што добија вработување и плата од партизираното Специјално јавно обвинителство (СЈО) на Катица Јанева, туку сега добиваат и благодарници.

СЈО синоќа имаше предновогодишна прослава во елитниот скопски ресторан „Ден и ноќ”. Борче Трајковски, попознат како Боки Бургија- колумнист на соросови медиуми, близок до СДСМ, остар критичар на власта и од неодамна вработен во СЈО, на социјалните мрежи се пофали дека добил благодарница потпишана од Катица Јанева  за време на синоќешната прослава.

ppkj19o

Инаку Трајковски, кој е дел од структурите на СДСМ, е вработен во СЈО како лице што врши технички и помошни работи. Обвинителката Ленче РИстоска неодамна објасни дека  Трајковски е вработен по огласот за 12 работни места кој од страна на Специјалното јавно обвинителство на 1 октомври бил објавен во „Утрински весник“ и во „Kоха“.

–Лицето е примено како лице што врши технички и помошни работи. И само тој се пријавил на огласот за тоа работно место. Тој ги исполнуваше условите и затоа е примен на работното место – рече Ристовска.

На прашањето дали ја провериле неговата осудуваност, Ристовска рече:

– Законот предвидува услови за осудуваност или неосудуваност. Таков услов немаше. Друго е дали лицето има забрана за работа. А треба да се земе предвид и правниот механизам за рехабилитација.

burgija640

Вработувањето на Трајковски, кој покрај тоа што е дел од структурите на опозициската СДСМ, исто така е и активен учесник во протестите против власта и автор на колумни во опозициските медиуми напишани со вулгарен и безобразен јазик кои се косат со сите стандарди на новинарско изразување, е само еден во низата скандали на специјално обвинителство.

Биографијата на 60-годишниот Трајковски е „богата“ и со неколку кривични дела. За едно кривично дело – измама – тој во 2000 година бил осуден на една година затвор според членот 247 од Kривичниот законик.

Активното учество на Трајковски во СДСМ е евидентно, особено на интернет. Тој може да се забележи речиси на сите опозициски протести при што отворено го поддржува лидерот Зоран Заев.

Ова не е единствен случај на вработување и ангажирање на партиски кадри или, пак, лица кои важат за поддржувачи на СДСМ, а кои се ангажирани како „експерти“. Освен ова, во СЈО е вработена Елена Јосифовска, ќерка на обвинителката Елизабета Јосифовска, како и Љупчо Чучурски, првиот братучед на обвинителот Гаврил Бубевски и уште неколку лица што се во директна роднинска врска со обвинителите во СЈО.

Од друга страна, Kатица Јанева неодамна во Собранието на РМ одби да одговори на многубројните прашања поврзани за финансискиот извештај на СЈО.

СЈО лумпува по кафеани, граѓаните плаќаат

Присутни гости на социјалните мрежи синоќа револтирано сведочеа дека целиот втор кат од ресторанот е запоседнат, а дел од нив биле испратени и преместени во долниот спрат, заради тоа што на предновогодишната забава славеле некои “важни и високи гости“, објави порталот Журнал.нет.

SJO, mazedonische SonderstaatsanwaltschaftLeiterin der CJO: Katica Janeva1. Stellverterin und Sprecherin: Lence Ristoska2. Stellvertreterin: Fatime Fetai

SJO, mazedonische SonderstaatsanwaltschaftLeiterin der CJO: Katica Janeva1. Stellverterin und Sprecherin: Lence Ristoska2. Stellvertreterin: Fatime Fetai

Важните гости се обвинителите од СЈО, меѓу кои и Фатиме Фетаи, Ленче Ристоска и Катица Јанева. Дилемата е дали има и други ВИП гости кои не сакаат да бидат видени во јавноста, а за кои е нелогично да бидат на забава на СЈО.

– Поради важни ВИП гости целиот втор кат од „Ден и ноќ” е запоседнат. Поради важните гости, другите кои бевме на горниот спрат не преместија на долниот. Фрчат скапи пијалоци, се пушат цигари, пристигна и жива музика, се игра и на маса. Кој плаќа за ваквата фешта?, сведочат на социјалните мрежи револтирани гости кои вечерва се нашле на местото.

011-520x230

Прашањето кое се поставува во јавноста е кој плаќа за ваквата фешта. Многу веројатно е цехот да биде на сметка на граѓаните, платен од милионскиот буџет на СЈО. Ваквата разуданост и раскалашеност предизвикала револт кај гостите.

022-520x97

Top