понеделник, 23 јануари 2017 | Вести денес: 0 ново

Секогаш го посакуваме тој што не можеме да го имаме!

%d1%80%d0%b0%d0%b7

Во согласност со својата природа, ние луѓето секогаш тежнееме кон и посакуваме нешто што не можеме да го имаме. Кога сметаме дека некој е предобар за нас, нашето его нè тера да се обидеме да ја заведеме таа личност – да ја поседуваме.

Тоа е како предизвик за душата, чекор кој сакаме да го надминеме и постигнеме. Како во филмовите кога еден лик се вљубува во личност која не може да ја има.

Тогаш крајната цел не ни е да сакаме и да бидеме сакани, туку да ја натераме личноста да се заљуби во нас за да си докажеме дека сме одлични заведувачи и да си го потхраниме егото.

Токму ова однесување е причина зошто го губиме интересот во оние кои се премногу заинтересирани за нас. Научени сме и секогаш сме во потрага по возбуда. Уживаме во неа и сите дополнителни емоции кои има да ни ги понуди.

Моментот кога сметаме дека една личност вреди повеќе од друга, тогаш егото проработува и нè тера да се активираме. Не е тоа љубов, туку его. Се отвораме на една личност само да дојдеме до личноста на која гледаме како на награда, одговор на предизвикот.

Биологијата на привлечност е дека сакаме подобро потомство од нас. Па, која и да е личностa која ќе се покаже како здрава, силна, паметна и подобра од нас, на неа гледаме како на личност вредна да имаме деца со неа.

Сакаме гените на нашите деца да бидат супериорни.

Ова секако, се случува на потсвесно ниво, а понекогаш и на свесно.

Инаку, големи се шансите длабоко во себе да не се чувствуваме како доволно добри и да имаме ниска самодоверба, па кога некој ќе покаже интерес во нас, сметаме дека таа личност е помалку вредна.

Како на несвесно ниво да си го поставуваме прашањето: „Зошто ли си заинтересиран/а во мене? Што имам јас да ти понудам?“.

Ова е длабоко вкоренета перцепција која доаѓа од комплексот на инфериорност (убеденоста дека не сме доволно вредни). И заради тоа, веднаш штом другата личност покаже интерес во нас, ние го губиме интересот.

Сме го освоиле трофејот и сега сакаме поубав, подобар и поголем трофеј.

Сакаме партнер кој сметаме дека има поголема вредност од нас, кој е подобар од нас. А, токму оваа несигурност е причина што сме длабоко несреќни и неисполнети.

Изборот на крај е наш, ќе се држиме до она што ни го налага егото или ќе избегаме од магичниот круг?

Top