сабота, 18 ноември 2017 | Вести денес: 58 ново

Интерес од големи клубови: Скаути на Сити и Ливерпул го следат Алиоски

alioski-bazel

Агентот на Езгијан Алиоски открива дека скаути на Манчестер Сити и Ливерпул ги следат настапите на репрезентативецот на Македонија, кој веќе има неколку конкретни понуди. 24 годишниот македонски репрезентативец има одлична сезона во Лугано, a со 9 погодоци тој прв стрелец на својот тим и помеѓу најдобрите во првенството на Швајцарија.

– Во последните неколку месеци, многу големи клубови од Европа го следат Џани. Претседателот на Лугано ми кажа дека никогаш не видел толку многу скаути на стадионот за еден играч, вели агентот на Алиоски, Дино Ламберти.

– Скаути на Манчестер Сити, на Ливерпул, на клубови од Бундеслигата… Секако, тоа не значи дека сите ќе достават понуда, но играчот привлекува внимание. Во моментов имаме четири конретни понуди…

Агентот не сакал да открива имиња на клубови, но вели дека тимовите се од Белгија, Италија, Германија и Англија.

– Имавме понуда од Белгија, која заедно со Џани одлучивме да ја одбиеме. Како опција се и клуб од долниот дел на табелата во Серија А, клуб од средината на табелата во Премиерлигата и клуб од Бундеслигата кој атакува на местата кои водат во Лигата на Шампионите, додал Ламберти.

Според пишувањата на медиумите од Швајцарија, клубот од Германија е Херта, и лесно може да се случи Алиоски во зимскиот преоден рок да се пресели во Берлин.

Top