петок, 24 февруари 2017 | Вести денес: 1 ново

Kога друга жена ти го раѓа бебето (ФОТО)

Желбата на Ким Овертон да стане мајка и со својот сопруг да формира семејство не се реализирала на оној начин којшто таа го замислувала – нејзиното дете го родила сурогат-мајка…
Откако со 34 години ѝ бил дијагностициран фиброиден тумор на матката, лекарите ја советувале Ким да не чека уште многу за да остане бремена.

Ким го послушала советот и на 39 години го родила своето прво дете, меѓутоа, кога посакала да добие и второ дете, работите се искомплицирале.

После долга борба да остане бремена, Ким и нејзиниот сопруг одлучиле нивното дете да го роди сурогат-мајка, поточно нивната 26-годишна роднина Сидни.

По неколку неуспешни обиди и еден спонтан абортус, Сидни, која е веќе мајка на две девојчиња, во март годинава го родила момчето Оливер.

Eмотивните фотографии од доаѓањето на Оливер на овој свет коишто ги направила познатата фотографка Лејлани Роџерс.

Top