четврток, 21 септември 2017 | Вести денес: 80 ново

Д-р Арсова: И жените имаат проблем со опаѓање на косата

Ко­са­та има цик­лус на раст кој се од­ви­ва во три фа­зи, фа­за на рас­те­ње, фа­за на ми­ру­ва­ње и фа­за на опа­ѓа­ње. Кај хи­пер­ти­ро­и­ди­зам или хи­по­ти­ро­и­ди­зам ме­ха­низ­мот на ре­гу­ла­ци­ја на цик­лу­сот на раст се пре­ки­ну­ва и гу­би ба­ланс, ве­ли д-р Ар­со­ва

Стре­сот вли­јае на на­ше­то те­ло пре­ку раз­лич­ни ме­ха­низ­ми. Стре­сот, на­ви­сти­на, мо­же да пре­диз­ви­ка опа­ѓа­ње на ко­са­та, но при­тоа мис­ли­ме на го­лем фи­зи­о­ло­шки стрес, а не на се­којд­нев­ни­те ма­ли стрес­ни си­ту­а­ции. По­ра­ди не­кол­ку стрес­ни не­де­ли на ра­бо­та, ва­ша­та ко­са не­ма да поч­не да опа­ѓа вед­наш. Ед­на од нај­че­сти­те при­чи­ни за те­ло­ген еф­лу­ви­ум, всуш­ност, е по­ро­ду­ва­ње­то. Дру­ги при­чи­ни се дол­га бо­лест, оп­шта ане­сте­зи­ја, ане­ми­ја, ти­ро­и­ден дис­ба­ланс, фе­брил­ни со­стој­би, ка­ко и ек­стрем­ни ди­е­ти, ве­ли д-р Еле­на Ар­со­ва, три­хо­лог и ме­ди­цин­ски ди­ре­ктор во „101 хер кли­ни­ка“ во Скоп­је.

Зо­што им опа­ѓа ко­са­та на же­ни­те? Ко­ја е нај­че­ста­та фор­ма на гу­бе­ње на ко­са­та кај же­ни?

АР­СО­ВА: Ан­дро­ге­нет­ска­та ало­пе­ци­ја и те­ло­ге­ни­от еф­лу­ви­ум се нај­че­сти­те фор­ми на гу­бе­ње на ко­са­та. Ан­дро­ге­нет­ска­та ало­пе­ци­ја, всуш­ност, е нас­ле­ден тип на гу­бе­ње на ко­са­та, при што пре­суд­ни фа­кто­ри за не­го­ва по­ја­ва се ге­нет­ска­та пре­дис­по­зи­ци­ја и дис­ба­лан­сот на по­ло­ви­те хор­мо­ни, а се ма­ни­фе­сти­ра со по­сте­пе­но истен­чу­ва­ње на влак­но­то. Те­ло­ге­ни­от еф­лу­ви­ум, пак, е ин­тен­зив­но гу­бе­ње на ко­са­та со пре­ку 100 влак­на днев­но ка­ко ре­зул­тат на одре­де­на здрав­стве­на со­стој­ба, ка­ко ане­ми­ја, ти­ро­и­ден дис­ба­ланс, ре­стри­ктив­на ди­е­та, по­ро­ду­ва­ње, по­тоа по те­шки ин­фек­ции, опе­ра­тив­ни за­фа­ти, од­дел­ни ме­ди­ка­мен­ти итн. Опа­ѓа­ње­то на ко­са­та кај же­ни­те има мно­гу по­комп­лекс­на при­ро­да откол­ку кај ма­жи­те, не са­мо по­ра­ди тоа што не­кои ас­пе­кти во па­то­фи­зи­о­ло­ги­ја­та не се до­вол­но раз­јас­не­ти, ту­ку и по­ра­ди тоа што мно­гу че­сто овие две фор­ми се на­до­вр­зу­ва­ат ед­на на дру­га и дра­ма­тич­но ја вло­шу­ва­ат гу­сти­на­та на ко­са­та. Те­ло­ге­ни­от еф­лу­ви­ум мо­же да би­де ини­ци­јал­на­та фа­за на гу­бе­ње на ко­са­та, по ко­ја се ма­ни­фе­сти­ра нас­лед­но­то гу­бе­ње на ко­са­та. Или, пак, кај же­ни што ве­ќе има­ат ан­дро­ге­нет­ска ало­пе­ци­ја, епи­зо­ди на те­ло­ген еф­лу­ви­ум мо­же да го вло­шат при­мар­ни­от проб­лем. Освен тоа, во по­но­во вре­ме сѐ по­ве­ќе има­ме слу­чаи на хро­ни­чен те­ло­ген еф­лу­ви­ум при што не се по­ја­ву­ва­ат епи­зо­ди на опа­ѓа­ње, ту­ку опа­ѓа­ње­то трае со го­ди­ни.

dr-elena-arsova-kosa-custom

Ти­неј­џер­ки­те зна­ат да др­жат ди­е­ти со не­пра­вил­но во­де­ни ре­жи­ми на ис­хра­на што зна­чај­но вли­јае на ко­са­та, вели д-р Арсова

Во кои пер­и­о­ди од жи­во­тот же­на­та тре­ба да вни­ма­ва за да има здра­ва и цвр­ста ко­са?

АР­СО­ВА: Има не­кол­ку кри­тич­ни жи­вот­ни пер­и­о­ди ко­га же­на­та мо­же да пре­тр­пи про­ме­ни на ко­са­та. Мла­ди­те де­вој­ки во пр­ви­те го­ди­ни од мен­стру­ал­ни­от цик­лус че­сто мо­же да има­ат хор­мо­на­лен дис­ба­ланс кој во­ди кон ос­лаб­ну­ва­ње на ко­са­та. Исто та­ка, ти­неј­џер­ки­те зна­ат да др­жат ди­е­ти со не­пра­вил­но во­де­ни ре­жи­ми на ис­хра­на што зна­чај­но вли­јае на ко­са­та. След­ни­от ри­зи­чен пер­и­од е пост­по­ро­дил­ни­от ко­га мно­гу же­ни до­жи­ву­ва­ат ин­тен­зив­но опа­ѓа­ње на ко­са­та кое мо­же, но не мо­ра да оста­ви пос­ле­ди­ци по ко­са­та. По 40-та­та го­ди­на же­ни­те тре­ба да ги сле­дат ти­ро­ид­на­та жлез­да и хор­мо­ни­те. А ме­но­па­у­за­та е пос­лед­ни­от пер­и­од ко­га се ме­ну­ва хор­мо­нал­ни­от ста­тус на же­на­та и но­во­на­ста­на­ти­те про­ме­ни да­ва­ат по­сте­пе­но ос­ла­бу­ва­ње на ко­са­та.

Дис­ба­лан­сот на ти­ро­ид­ни­те хор­мо­ни го на­ру­шу­ва цик­лу­сот на раст на влак­но­то? Да­ли ко­са­та про­дол­жу­ва да опа­ѓа и по­крај те­ра­пи­ја­та?

АР­СО­ВА: Опа­ѓа­ње­то и ос­лаб­ну­ва­ње­то на ко­са­та кај же­ни­те мо­же да би­де пр­ви­от симп­том кој ука­жу­ва на проб­лем со ти­ро­ид­на­та жлез­да. Ин­тен­зив­но истен­чу­ва­ње на влак­но­то обич­но е по­вр­за­но со хи­пер­ти­ро­и­ди­зам (зго­ле­ме­на функ­ци­ја на ти­ро­ид­на­та жлез­да), а алар­мант­но опа­ѓа­ње е при­сут­но кај хи­по­ти­ро­и­ди­зам (на­ма­ле­на функ­ци­ја). Исто та­ка, про­ме­ни во тек­сту­ра­та и ква­ли­те­тот на ко­са­та со су­вост, крш­ли­вост, зап­ле­тку­ва­ње и су­вост на ко­жа­та се ти­пич­ни про­ме­ни на ко­са­та и на скал­пот кај на­ма­ле­на функ­ци­ја на ти­ро­ид­на­та жлез­да. Ко­са­та има цик­лус на раст кој се од­ви­ва во три фа­зи, фа­за на рас­те­ње, фа­за на ми­ру­ва­ње и фа­за на опа­ѓа­ње. Кај хи­пер­ти­ро­и­ди­зам или хи­по­ти­ро­и­ди­зам ме­ха­низ­мот на ре­гу­ла­ци­ја на цик­лу­сот на раст се пре­ки­ну­ва и гу­би ба­ланс. Ти­ро­ид­ни­те мал­функ­ции пре­диз­ви­ку­ва­ат фо­ли­ку­ли­те на влак­но­то да оста­нат по­дол­го вре­ме во фа­за на опа­ѓа­ње, со што нор­мал­ни­от цик­лус е на­ру­шен и опа­ѓа­ње­то на ко­са­та е зго­ле­ме­но. Исто та­ка, ин­ди­рект­но пре­ку на­ру­шу­ва­ње на мен­стру­ал­ни­от цик­лус, ти­ро­ид­ни­от дис­ба­ланс пре­диз­ви­ку­ва опа­ѓа­ње на ко­са­та. Аде­кват­на те­ра­пи­ја пре­пи­ша­на од ен­до­кри­но­лог е не­оп­ход­на. Кај одре­ден про­цент од же­ни­те са­мо со ос­нов­на­та те­ра­пи­ја за ти­ро­ид­на­та жлез­да се ста­би­ли­зи­ра и опа­ѓа­ње­то на ко­са­та. Но, за жал, не е та­ка кај си­те же­ни, па то­гаш е не­оп­ход­на и ло­кал­на те­ра­пи­ја за да се пот­тик­не функ­ци­ја­та на фо­ли­ку­ли­те и рас­тот на ко­са­та.

Кол­ку по­ло­ви­те хор­мо­ни се при­чи­на за опа­ѓа­ње­то на ко­са­та кај же­на­та?

АР­СО­ВА: Хор­мо­ни­те кај же­ни­те се­ко­гаш игра­ат уло­га во раз­во­јот на гу­бе­ње­то на ко­са­та за­тоа што и мно­гу здрав­стве­ни проб­ле­ми кај же­ни­те вли­ја­ат врз хор­мо­нал­ни­те флу­кту­а­ции. Освен тоа, хор­мо­ни­те кај же­ни­те во те­кот на жи­во­тот се ме­ну­ва­ат. Но, се­пак, опа­ѓа­ње­то на ко­са­та е мул­ти­фа­кто­ри­јал­но, што зна­чи де­ка по­ве­ќе фа­кто­ри се во игра. Кај кла­сич­ни слу­чаи со по­ли­ци­сти­чен ова­ри­ја­лен син­дром и со до­ка­жа­но по­ви­со­ки ни­воа на ан­дро­ге­ни хор­мо­ни има­ме и кла­сич­на кли­нич­ка сли­ка на ан­дро­ге­нет­ска ало­пе­ци­ја. Но, го­лем дел од на­ши­те па­ци­ен­ти има­ат ре­ла­тив­но нор­мал­но ни­во хор­мо­ни, но нив­ни­те фо­ли­ку­ли, ге­не­рал­но, се по­о­сет­ли­ви на дејс­тво­то на тие хор­мо­ни, осо­бе­но на ан­дро­ге­ни­те, ма­шки­те хор­мо­ни. Мо­е­то за­па­зу­ва­ње е де­ка хор­мо­нал­ни­от ста­тус што не е иде­а­лен, иа­ко е во не­кои гра­ни­ци на нор­ма­ла, се­пак вли­јае не­га­тив­но врз функ­ци­ја­та на фо­ли­ку­лот и пре­диз­ви­ку­ва про­рет­чу­ва­ње на ко­са­та, осо­бе­но ако има­те т.н. су­пер­сен­зи­тив­ни фо­ли­ку­ли.

Да­ли ко­са­та опа­ѓа са­мо по­ра­ди ге­ни­те на ро­ди­те­ли­те, од­нос­но на мај­ка­та?

АР­СО­ВА: И по­крај кон­ти­ну­и­ра­но­то пре­фр­лу­ва­ње на од­го­вор­но­ста на ге­ни­те на мај­ка­та, се­пак, на­у­ка­та по­ка­жу­ва де­ка ге­ни­те што пре­дис­по­ни­ра­ат гу­бе­ње на ко­са­та се пре­не­су­ва­ат и пре­ку мај­ка­та и пре­ку та­тко­то, зна­чи по­ли­ге­нет­ско нас­ле­ду­ва­ње. Прег­ле­ду­ва­ње на фа­ми­ли­јар­ни­те фо­то­гра­фии мо­же да ви по­мог­не да ви­ди­те да­ли ва­ши­те род­ни­ни има­ат проб­лем со ко­са­та. Но, не мо­же­те да ја пред­ви­ди­те ќе­ла­во­ста са­мо пре­ку ана­ли­за на се­меј­но­то др­во. Ка­ко и мно­гу здрав­стве­ни проб­ле­ми, та­ка и гу­бе­ње­то на ко­са­та е по­ли­ге­нет­ско, што зна­чи де­ка суд­би­на­та на ва­ша­та ко­са е де­тер­ми­ни­ра­на од при­лич­но слу­чај­на ком­би­на­ци­ја на ге­ни од бли­ски, но и од да­леч­ни род­ни­ни. Тоа зна­чи де­ка ако ќе­ла­во­ста се по­ја­ву­ва во ва­ша­та фа­ми­ли­ја, не­за­вис­но да­ли по ли­ни­ја на мај­ка или та­тко, се­пак има ве­ро­јат­ност и кај вас да се ја­ви гу­бе­ње на ко­са­та.

dr-elena-arsova-kosa-4-custom

Ос­ла­бу­ва­ње на ко­са­та кај же­ни­те мо­же да се ја­ви во 30-ти­те го­ди­ни ка­ко пос­ле­ди­ца на ане­ми­ја, проб­ле­ми со ти­ро­ид­на­та жлез­да, хор­мо­нал­ни флу­кту­а­ции

Ка­ко ста­рее же­на­та, та­ка се ја­ву­ва и истен­чу­ва­ње­то на ко­са­та, на што тре­ба да се вни­ма­ва?

АР­СО­ВА: Се­ка­ко, и ко­са­та ста­рее ка­ко што ста­рее це­ло­то на­ше те­ло. Тој про­цес на ста­ре­е­ње на ко­са­та се ма­ни­фе­сти­ра со истен­чу­ва­ње на влак­но­то и на­ма­лен во­лу­мен на ко­са­та, и се сме­та за нор­мал­на по­ја­ва. За жал, не сме ни­ко­гаш прем­ла­ди да поч­не­ме да ја гу­би­ме ко­са­та. Ако има­те ге­нет­ска пре­дис­по­зи­ци­ја, опа­ѓа­ње­то на ко­са­та мо­же да се ја­ви уште во 20-ти­те го­ди­ни и да на­пре­ду­ва агре­сив­но. Кај ма­жи­те осо­бе­но е че­сто пре­ра­но­то гу­бе­ње на ко­са­та. Ос­ла­бу­ва­ње на ко­са­та кај же­ни­те мо­же да се ја­ви во 30-ти­те го­ди­ни ка­ко пос­ле­ди­ца на ане­ми­ја, проб­ле­ми со ти­ро­ид­на­та жлез­да, хор­мо­нал­ни флу­кту­а­ции итн.

Раз­го­ва­ра­ше: Але­ксан­дра М. Бун­да­лев­ска

фото: Александар Ивановски

(интервјуто е објавено во 224. број на неделникот Република кој излезе во печат на 16.12.2016)

Top