сабота, 22 јули 2017 | Вести денес: 60 ново

Том Хенкс: Добив дијабетес бидејќи сум идиот

Том Хенкс, холивудскиот актер изјави дека бил неодговорен, односно „идиот“ со килажата и со диетата, и затоа добил дијабетес.

Постојат два типа дијабетес, тип 1 и тип 2. Тип два е почест, посебно кај повозрасни луѓе и се поврзува со дебелината. Ако не се лечи, може да предизвика слепило, откажување на бубрезите, ампутација на нозете.

На Хенкс дијабетесот му бил дијагностициран во 2013 година, а тој смета дека ја добил болеста поради честото варирање на тежината поради разните улоги кои ги толкувал.

– Бев огромен, сме ме виделе во филмовите, знаете како изгледав. Бев комплетен идиот – изјави Том.

 

Top