недела, 24 септември 2017 | Вести денес: 33 ново

Кој вика дека тетката не е мајка: Им родила две деца на својот брат и неговиот сопруг

Ријана Стивенс (35) од Австралија е најдобрата сестра на светот, сметаат оние кои ја познаваат. Уште пред 14 години, кога нејзиниот брат ѝ прознал дека е геј, му ветила дека ќе му роди деца, и го одржала ветувањето.

Ријана веќе имала три деца кога нејзиниот брат Клинтон и неговиот партнер Калум се венчале во 2012 година. Прво размислувале да посвојат дете, но во Австралија тој процес може да трае со години

-За мене тоа е најнормална работа на светот. Не ни помислив дека ќе ми биде тешко да ги предадам бебињата. Двајцата се прекрасни вујковци на моите деца, не знам зошто не би биле прекрасни родители на децата што ќе им ги родам. Првото дете го родилаво 2014, а второто пред три недели.

bratot-gej-2

Подготвоките за оплодувањето траеле цела година, а употребена е сперма од татковците и донирани јајце-клетки. Малата Зара (2) се фатила од прва. Иако на породувањето имало компликации, таа е здраво и среќно девојче. Пред три недели Ријана родила уште едно девојче, внуката Ајден.

Додека била трудна татковците постојано патувале од Сиднеј во Мелбурн за да бидат покрај Ријана.

bratot-gej-3

-Бев свесен што прави сестра ми за нас и сакав да бидам покрај неа.

Ријана вели дека и нејзините деца немале проблем со фактот дека одгледува дете на нивните вујковци.

Клинтон и Калум се пресреќни што Ријана ги направила родители, а таа што може да им биде тетка на Зара и Ајден.

Top