понеделник, 29 мај 2017 | Вести денес: 33 ново

Јанг Бојс ќе ја поправа грешката, сака уште во јануари да го врати Алиоски во своите редови

alioski

Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски има одлична сезона во Швајцарија каде се промовираше во еден од најдобрите крилни играчи во шампионатот, но и водечките голгетери. Тој е еден од адутите на Лугано, со кој има договор до 2018 година, но за него почнаа да ’гризат’ и поголемите швајцарски клубови. Јанг Бојс, клубот каде тој и ја почна кариерата, сака оваа зима да го врати во своите редови.

Неговиот трансфер е веќе на страниците на швајцарскиот весник „Блик“, а популарниот Џани најавува дека има самодоверба да игра дури и за Реал Мадрид.

– Секако дека имам самодоверба. Не само за Јанг Бојс, туку и за да играм во Реал Мадрид – изјави сензационално Езгјан Алиоски, кој во овој квалификациски циклус е пријатно откритие и како крилен играч во македонскиот национален тим.

Top