сабота, 24 јуни 2017 | Вести денес: 5 ново

Тартиф е огледало што ни ги враќа одразот и сопственото лицемерство!

Мно­гу сум за­до­во­лен од оваа еки­па би­деј­ќи иа­ко по­не­ко­гаш актерите се ха­о­тич­ни или се по­мал­ку дис­цип­ли­ни­ра­ни, тие мно­гу лес­но мо­жат да се за­па­лат и мно­гу бр­зо мо­жат да се ка­чат од ед­но на дру­го ни­во, ве­ли Га­лин Сто­ев

Га­лин Сто­ев е ро­ден во Бу­га­ри­ја ка­де што ја поч­нал сво­ја­та ка­ри­е­ра ка­ко ре­жи­сер. Мо­мент­но жи­вее во Бри­сел, Па­риз и во Со­фи­ја. Дип­ло­ми­рал на Др­жав­на­та ака­де­ми­ја за те­а­тар­ски и за филм­ски умет­но­сти – Со­фи­ја, а од 1991 го­ди­на ра­бо­ти ка­ко ре­жи­сер и актер во Со­фи­ја ка­де што по­ста­вил кла­сич­ни авто­ри, а по­доц­на се отво­ра и за по­со­вре­мен ре­пер­то­ар. Имал за­бе­ле­жи­тел­ни по­че­то­ци, кои го од­не­ле на раз­лич­ни ме­ста низ Евро­па и све­тот и по­ста­ву­ва прет­ста­ви на сце­ни­те во Лон­дон, Лидс, Бо­хум, Шту­тгарт, Мос­ква, Бу­е­нос Аи­рес итн. Во 2005 го­ди­на ја фор­ми­ра сво­ја­та сопс­тве­на тру­па @Fingerprint# (Fingerprint) во Бри­сел, а е умет­нич­ки ди­ре­ктор во Др­жав­ни­от те­а­тар – Ли­еж (Théâtre de Liège) и во Др­жав­ни­от те­а­тар Де ла Ко­лин (Théâtre national de la Colline). Во 2007 го­ди­на Сто­ев ја поч­нал сво­ја­та со­ра­бо­тка со Ко­ме­ди Фран­сез (Comédie-Française), но ре­дов­но ра­бо­ти и во Бу­га­ри­ја, а пре­да­ва и на Ко­ле­џот за умет­ност и за ди­зајн „Св. Мар­тин„ – Лон­дон (St Martin’s College of Art and Design Londres), во Те­а­тар­ска­та шко­ла Ар­ден – Ман­че­стер (Arden School of Theatre – Manchester) ка­ко и на др­жав­ни­те ака­де­мии во Љуб­ља­на и во Со­фи­ја. Во пос­лед­но вре­ме не­го­ва­та пе­да­го­шка пра­кти­ка се од­ви­ва во фор­ма на пост­дип­лом­ски сту­дии во Па­риз (ARTA, ESAD), Mар­сеј (La Réplique), Со­фи­ја (NATFIS) и во Мос­ква (Territoria). Де­но­ви­ве ра­бо­ти во Скоп­је во Ма­ке­дон­ски­от на­ро­ден те­а­тар, ка­де што се срет­нав­ме за да по­раз­го­ва­ра­ме за пре­ми­е­ра­та што ја под­го­тву­ва, сен­зи­би­ли­те­тот на ма­ке­дон­ски­те акте­ри, за „Тар­тиф“…

 

Во 2014 го­ди­на го по­ста­ви­вте „Тар­тиф“ во ма­тич­ни­от те­а­тар на Мо­ли­ер, „Ко­ме­ди фран­сез“ во Па­риз, Фран­ци­ја. Се­га ја ра­бо­ти­те во Ма­ке­дон­ски­от на­ро­ден те­а­тар. Ка­же­те ни ка­ко те­чат про­би­те, за­до­вол­ни ли сте од до­се­гаш­на­та ра­бо­та?

Сто­ев: Во 2014 го­ди­на го по­ста­вив „Тар­тиф“ во „Ко­ме­ди фран­сез“ и то­гаш ме по­ба­ра Де­јан Прој­ков­ски да се до­го­ва­ра­ме за со­ра­бо­тка. Тој на­сто­ју­ва­ше да ра­бо­ти­ме не­кој кла­си­чен текст по­ра­ди тоа што тие не се скра­те­ни и не се раз­ме­сте­ни и не­ма мно­гу автор­ски ин­тер­вен­ции во нив. Јас се сог­ла­сив со тоа би­деј­ќи и са­ми­от сме­там де­ка ед­на на­ци­о­нал­на уста­но­ва ка­ко што е Ма­ке­дон­ски­от на­ро­ден те­а­тар би тре­ба­ло да ги за­поз­на­ва сво­и­те по­се­ти­те­ли со кла­сич­ни­те тек­сто­ви. Са­ми­от ми го пред­ло­жи „Тар­тиф“ би­деј­ќи одам­на не бил по­ста­ву­ван и отка­ко разг­ле­дав­ме раз­лич­ни тек­сто­ви се сог­ла­сив­ме да го по­ста­ви­ме „Тар­тиф“.

Што се од­не­су­ва до актер­ска­та еки­па, мо­рам да истак­нам де­ка јас не го поз­на­вав до­бро ан­самб­лот на Ма­ке­дон­ски­от на­ро­ден те­а­тар и на­пра­вив ау­ди­ци­ја и ја фор­ми­рав те­а­тар­ска­та еки­па што ра­бо­ти на прет­ста­ва­та. Мно­гу сум за­до­во­лен од оваа еки­па би­деј­ќи актерите иа­ко по­не­ко­гаш се ха­о­тич­ни или се по­мал­ку дис­цип­ли­ни­ра­ни, тие мно­гу лес­но мо­жат да се за­па­лат и мно­гу бр­зо мо­жат да се ка­чат од ед­но на дру­го ни­во. Тоа е мно­гу до­бро, ко­га ќе ви се слу­чи та­ква ал­хе­ми­ја со акте­ри­те. Исто та­ка, са­кам да наг­ла­сам де­ка мно­гу ми е дра­го што од­лич­но со­ра­бо­ту­ва­ат и тех­нич­ки­те служ­би, свет­ло, звук итн., кои со го­ле­ма жел­ба до­а­ѓа­ат ов­де и учес­тву­ва­ат на про­би­те, гле­да­ат… што за ме­не е но­вост. Ре­ткост е во го­ле­ми­те те­а­три тех­нич­ки­те слу­жи и еки­пи да по­ка­жат та­кво ин­те­ре­си­ра­ње. Мис­лам де­ка има ед­на уба­ва енер­ги­ја ме­ѓу си­те нас и сме­там де­ка од тоа ќе из­ле­зе ин­те­рес­на прет­ста­ва, ко­ја ќе мо­же­ме да ја спо­де­лу­ва­ме со пуб­ли­ка­та.

kult224-galin-stoev-reziser-2

Ре­ко­вте де­ка „Тар­тиф“ во МНТ ќе би­де со­се­ма по­и­на­ков од тој што е по­ста­вен во поз­на­ти­от фран­цу­ски те­а­тар би­деј­ќи енер­ги­ја­та на ма­ке­дон­ски­те акте­ри е мно­гу по­и­на­ква од таа на фран­цу­ски­те. Вие има­те искус­тво со ма­ке­дон­ски­те акте­ри, па ка­же­те ни ка­ко ја до­жи­ву­ва­те таа нив­на енер­ги­ја? Да­ли ве инс­пи­ри­ра?

Сто­ев: Овој кла­си­чен текст е мно­гу вр­зан за ов­де и се­га со де­неш­но­то вре­ме и со­вре­ме­но­то жи­ве­е­ње. Да вле­зе­ме во оваа оп­шир­на те­ма – ли­це­мерс­тво­то што се по­ка­жа ка­ко тол­ку не­и­ско­рен­ли­во и тол­ку при­сут­но во се­ко­ја фор­ма на лич­ни­от, по­ли­тич­ки­от, се­меј­ни­от и на кул­тур­ни­от жи­вот во се­ко­ја др­жа­ва за да зак­лу­чи­ме на кра­јот де­ка еден ли­це­мер мо­же да оп­сто­ју­ва са­мо та­му ка­де што дру­ги­те му доз­во­лу­ва­ат да ви­рее. Во таа смис­ла, ни­кој во оваа пи­е­са не е не­вин, се­кој има ди­ја­лог и е ли­це­мер на не­ка­кво ни­во. Се по­ка­жу­ва ед­на мно­гу комп­лекс­на и сло­же­на исто­ри­ја и це­ло­то де­ло, всуш­ност, прет­ста­ву­ва ко­ме­ди­ја за ед­но бур­жо­а­ско се­мејс­тво , бо­га­то се­мејс­тво што на­тру­па­ло па­ри и гла­ва­та на ова се­мејс­тво – та­тко­то поч­ну­ва да има по­тре­ба од не­што по­ве­ќе, од не­ко­ја ду­хов­на ис­пол­не­тост, од гу­ру… од ду­хо­вен раз­вој. Тоа ка­ко им­пулс е мно­гу уба­во, за по­фал­ба и е мно­гу чо­веч­ки. Исто­ри­ја­та ука­жу­ва на еден опа­сен микс, ка­ко бом­ба, ка­ко експ­ло­зи­ја, ме­ѓу се­ксу­ал­на­та и ду­хов­на­та енер­ги­ја. Всуш­ност, си­ла­та на овој текст е вкр­сту­ва­ње­то на тие две енер­гии и тоа што ко­га чо­ве­кот е зас­ле­пен, заб­лу­ден и не мис­ли со сопс­тве­на­та гла­ва, мо­же да стиг­не и до фун­да­мен­та­ли­зам. Мо­ли­ер ус­пе­ал да на­пи­ше текст во кој нај­го­ле­ми­те те­ми на де­неш­но­то вре­ме се из­ме­ша­ни во ед­но и из­ле­гу­ва ед­на ѓа­вол­ска исто­ри­ја, ко­ја се под­ве­ду­ва под ко­ме­ди­ја, ко­ја мо­же да би­де мно­гу смеш­на. …От­та­му ние се тру­ди­ме на гле­да­чот да му го по­ну­ди­ме се­то ова со цел тој да би­де не са­мо наб­љу­ду­вач, ту­ку и да ја сле­ди прет­ста­ва­та актив­но, во гла­ва­та да му се слу­чу­ва не­што и да да­де оце­на на одре­де­ни дејс­тва, всуш­ност тре­ба да зак­лу­чи де­ка мно­гу е лес­но да се ре­че: „Тар­тиф е ли­це­мер, си­те ние сме до­бри!“. Тар­тиф не е ни­што дру­го, ту­ку ед­но ог­ле­да­ло што ни ги вра­ќа на­ши­от одраз и на­ше­то сопс­тве­но ли­це­мерс­тво.

kult224-galin-stoev-reziser-4

Да­ли Ви бе­ше пре­диз­вик ра­бо­та­та со ма­ке­дон­ски­те акте­ри?

Сто­ев: Акте­ри­те од еки­па­та мно­гу бр­зо поч­наа да ја сфа­ќа­ат и да го чув­ству­ва­ат на­чи­нот на рас­ка­жу­ва­ње на исто­ри­ја­та и мно­гу е ин­те­рес­но да се гле­да ка­ко тие ме­ѓу­себ­но си вли­ја­ат за да нѐ во­дат нас ка­ко гле­да­чи низ тој ла­ви­ринт. Ве­ќе мно­гу сум из­мо­рен, ра­бо­ти­ме два ме­се­ца, и еве раз­го­ва­ра­ме ток­му пред пре­ми­е­ра­та, ко­га се аку­му­ли­ра најм­но­гу за­мор, но ме ра­ду­ва овој мо­мент на ал­хе­ми­ја ме­ѓу нас, од се­то тоа што сме го на­тру­па­ле до­се­га низ про­це­сот на под­го­то­вка на прет­ста­ва­та, до­кол­ку се ре­а­ли­зи­ра, од тоа ќе из­ле­зе од­лич­на прет­ста­ва, ко­ја ќе ги по­ка­ни си­те гле­да­чи од це­ли­от свет да ја пог­лед­нат.

kult224-galin-stoev-reziser-3

Во што се раз­ли­ку­ва­ат ма­ке­дон­ски­те од фран­цу­ски­те акте­ри?

Сто­ев: Пр­во не би са­кал да ги изед­на­чу­вам ма­ке­дон­ски­те и фран­цу­ски­те акте­ри. Ов­де ста­ну­ва збор за раз­лич­на спе­ци­фи­ка и тоа, пред сѐ, за тоа ка­ков е кул­тур­ни­от кон­текст. Во Фран­ци­ја, на при­мер, има мно­гу сил­на те­а­тар­ска и кул­тур­на тра­ди­ци­ја вр­за­на со Мо­ли­ер, Кор­неј… и со дру­ги­те кла­си­ци, а најм­но­гу со сти­хо­ви­те „але­ксан­дрин“ – тоа е нај­тес­ни­от стих што е воз­мож­но да се из­мис­ли, но тоа на фран­цу­ски изг­ле­да мно­гу уба­во би­деј­ќи соз­да­ва ед­на пев­ли­вост, ги отво­ра се­ти­ла­та кон еден друг свет и друг од­нос кон мис­ли­те и кон тек­стот. Тоа е мно­гу бит­но за фран­цу­ски­те акте­ри до тој сте­пен што тие не­ко­гаш не сме­ат да мрд­нат над­вор од тие гра­ни­ци би­деј­ќи тоа ги ста­ва во ед­ни гра­ни­ци и мно­гу им е те­шко да из­ле­зат од нив. Од дру­га стра­на, ов­де акте­ри­те не­ма­ат не­ка­ков од­нос кон де­ла­та во стих, за­тоа што тоа не спа­ѓа во ов­деш­на­та те­а­тар­ска тра­ди­ци­ја. Ту­каш­ни­те акте­ри се мал­ку нев­ни­ма­тел­ни во од­нос на тек­стот, ги ме­ша­ат стра­ни­ци­те, ги кра­тат реп­ли­ки­те, ги ме­ну­ва­ат мис­ли­те и за нив тоа не е ни­ка­ков проб­лем. За еден фран­цу­ски актер тоа е не­воз­мож­но. Во таа смис­ла, ја не­ма­ат таа пре­циз­ност кон ја­зи­кот. Од дру­га стра­на, пак, ка­ко што истак­нав, ма­ке­дон­ски­те акте­ри мно­гу лес­но се за­па­лу­ва­ат и мо­жат во тие рам­ки мно­гу лес­но да из­ле­зат од ме­ѓи­те, да им­про­ви­зи­ра­ат и да пра­ват мно­гу ин­те­рес­ни не­шта и да се чув­ству­ва­ат сло­бод­ни. Фран­цу­ски­от актер е по­мал­ку сло­бо­ден. Тој мно­гу по­ве­ќе вни­ма­ва. Ов­де од ди­ве­е­ње, ра­дост и ха­ос по­не­ко­гаш се слу­чу­ва­ат мно­гу ин­те­рес­ни не­шта, кои за да се слу­чат во Фран­ци­ја ќе ми тре­ба три­па­ти по­ве­ќе вре­ме за да го по­стиг­нам исти­от ефект. Од ед­на стра­на, ов­деш­ни­те акте­ри ме вдах­ну­ва­ат мно­гу по­ве­ќе и се по­мал­ку дис­цип­ли­ни­ра­ни и те­шко е да се на­пра­ви ба­ланс, мо­же­би по­лес­но ќе ми бе­ше да беа по­дис­цип­ли­ни­ра­ни… но, не ми е те­шко да ра­бо­там со нив.

 

На ма­ке­дон­ска­та пуб­ли­ка сте ѝ поз­нат со прет­ста­ва­та „Ан­ти­го­на во тех­но­ленд“, ко­ја пред 15 го­ди­ни ја по­ста­ви­вте на сце­на­та на МНТ, а прет­ста­ва­та има­ше из­вед­би на по­ве­ќе европ­ски те­а­тар­ски фе­сти­ва­ли. Пла­ни­ра­те ли и „Тар­тиф“ да го­сту­ва на не­ко­ја европ­ска сце­на?

Сто­ев: Мно­гу би са­кал да го­сту­ва­ме со оваа еки­па на не­ко­ја европ­ска сце­на, но тоа се слу­чу­ва по­сте­пе­но. Пр­во тре­ба да ја на­пра­ви­ме прет­ста­ва­та, тре­ба да поч­не да се игра и по­тоа да се по­тру­ди­ме да до­ве­де­ме по­ве­ќе раз­лич­ни про­грам­ски ди­ре­кто­ри на те­а­три и на фе­сти­ва­ли, кои би се за­ин­те­ре­си­ра­ле да по­ка­жат пред сво­ја­та пуб­ли­ка еден та­ков „Тар­тиф“. Тоа ќе го сре­ду­ва­ме по­ле­ка, јас имам на­ме­ра да по­ка­нам ко­ле­ги од Бел­ги­ја, Фран­ци­ја, Ита­ли­ја, да ја гле­да­ат, а и ди­ре­кто­рот Прој­ков­ски има свои кон­та­кти што ќе ги упо­тре­би. За­се­га му е нај­важ­на пре­ми­е­ра­та на 20 де­кем­ври за пуб­ли­ка­та во Скоп­је, а по­тоа си­гур­но знам де­ка ќе го­сту­ва на Фе­сти­вал во Вар­на, в го­ди­на, а за дру­ги­те цен­три ќе ви­ди­ме.

Разговараше: Невена Поповска
Фото: Але­ксан­дар Ива­нов­ски
(Текст објавен во 224. број на неделникот „Република“, 16.12.2016)

Top