недела, 23 јули 2017 | Вести денес: 2 ново

Време е да се обедини македонскиот народ

Се су­дри­ја ку­мо­ви и ку­ма­ши­ни, не раз­го­ва­ра­ат бра­ќа и се­стри, ро­ди­те­ли и де­ца, не са­ка­ат ни очи да си ви­дат дру­га­ри од дет­ство, дол­го­го­диш­ни ко­ле­ги и ко­ле­шки ко­му­ни­ци­ра­ат са­мо служ­бе­но. Сим­па­ти­ја­та за раз­лич­ни по­ли­тич­ки пар­тии пре­диз­ви­ка омра­за ка­ко ни­ко­гаш во мо­дер­на­та исто­ри­ја на Ма­ке­до­ни­ја. Ово­го­диш­ни­те пар­ла­мен­тар­ни из­бо­ри за две­те нај­го­ле­ми пар­тии беа исто­ри­ски и ре­фе­рен­дум­ски, но крај­но вре­ме е ин­сти­ту­ци­о­нал­но, пар­ти­ски, пре­ку нев­ла­ди­ни­те ор­га­ни­за­ции, па ако са­ка­те и пре­ку стран­ци­те кои има­ат сво­ја уло­га во по­дел­ба­та на ма­ке­дон­ско­то др­жав­но и на­ци­о­нал­но тки­во, да се пре­ве­ни­ра на­та­мош­на еска­ла­ци­ја на со­стој­би­те. Фру­стри­ра­ни­от ма­ке­дон­ски гра­ѓа­нин од ко­ја би­ло по­ли­тич­ка про­ви­ни­ен­ци­ја ве­ќе не мо­же да ги из­др­жи си­те стре­со­ви на кои е под­ло­жен. Вре­ме е за дра­ма­тич­на про­ме­на и нов по­че­ток во кој гла­вен при­о­ри­тет тре­ба да би­де бор­ба­та про­тив омра­за­та. Ма­ке­до­ни­ја не смее да си доз­во­ли уште две, три или че­ти­ри го­ди­ни кри­за во ко­ја ќе ска­пу­ва­ме ка­ко на­ци­ја. Тој лу­ксуз во си­ту­а­ци­ја ко­га САД и Бри­та­ни­ја раз­мис­лу­ва­ат за ти­вко пов­ле­ку­ва­ње од Бал­ка­нот, а Евро­па не знае што да пра­ви ни со са­ма­та се­бе, ед­но­став­но не сме­е­ме да си го доз­во­ли­ме. Зна­ме­то на Ма­ке­до­ни­ја со че­ти­ри­те вол­ци во со­седс­тво­то, кое се­га е мо­ди­фи­ци­ра­но со уште еден волк по­ве­ќе на се­вер, мо­же­би, не­ма исто зна­че­ње ка­ко пред сто го­ди­ни, но сѐ уште има сво­ја сим­бо­ли­ка ба­зи­ра­на на ре­ал­но­ста. Вло­гот е огро­мен, не мо­же­ме да ја ри­зи­ку­ва­ме не­за­вис­на­та др­жа­ва за ко­ја се бо­ре­ле и ги­не­ле сто­ти­ци ил­ја­ди лу­ѓе во ми­на­то­то

 

goran-momiroski-kol-90x115

Колумнист: Горан Момироски

Но­ва­та ма­ке­дон­ска вла­да, ко­ја ќе ја со­ста­ву­ва ВМРО-ДПМНЕ спо­ред пр­вич­ни­те ре­зул­та­ти на Др­жав­на­та из­бор­на ко­ми­си­ја об­ја­ве­ни во по­не­дел­ни­кот на­ве­чер, ќе има мно­гу ра­бо­та. Но, овој пат, за раз­ли­ка од прет­ход­ни­те из­бо­ри, Вла­да­та ќе има еден гла­вен при­о­ри­тет без чи­е­што ре­ша­ва­ње џа­бе ни се стран­ски ин­ве­сти­ции, пр­ви ме­ста на ли­сти­те на „Ду­инг биз­нис“ и 170 ил­ја­ди но­ви ра­бот­ни ме­ста. Без ре­ша­ва­ње на проб­ле­мот со омра­за­та што по­стои ме­ѓу „две­те Ма­ке­до­нии“, кои ре­ал­но по­сто­јат во зем­ја­ва, ман­да­та­рот Ни­ко­ла Гру­ев­ски мо­же да за­бо­ра­ви на си­те ре­зул­та­ти што не­го­ва­та пар­ти­ја ги на­пра­ви во из­ми­на­ти­те 10 го­ди­ни.

Тоа што де­но­ви­ве мо­же­ме да го слуш­не­ме и про­чи­та­ме, пред сѐ на со­ци­јал­ни­те мре­жи ако со­од­вет­но се прес­ме­та исто­ри­ски­от кон­текст и мо­ќта на со­ци­јал­ни­те мре­жи, не­ми­нов­но нѐ во­ди во гра­ѓан­ска вој­на, во вна­тре­ма­ке­дон­ски су­дир кој не е ни­што по­мал од тој во 20-ти­те и 30-ти­те го­ди­ни на ми­на­ти­от век ко­га по со­фи­ски­те ули­ци се ле­е­ше ма­ке­дон­ска крв. Без раз­ли­ка да­ли таа ќе оста­не са­мо ка­ко вир­ту­ел­на би­тка на „Фејс­бук“ и на „Тви­тер“ или ќе из­ле­зе на ули­ца и ќе поч­не да се лее ви­стин­ска, цр­ве­на, леп­ли­ва чо­веч­ка крв е по­мал­ку важ­но. Нај­важ­но е де­ка кур­шу­ми­те, и ви­стин­ски­те и вер­бал­ни­те, ќе оста­ват та­кви тра­ги на ду­ша­та на Ма­ке­до­не­цот што со де­це­нии ќе би­де преч­ка за да из­гра­ди­ме нор­мал­но оп­штес­тво.

 

Ка­ков би­ло вна­тре­шен су­дир е по­гу­бен за Ма­ке­до­ни­ја

Овој текст е ис­пра­тен на ре­дак­ци­ја­та на „Ре­пуб­ли­ка“ во втор­ни­кот ко­га За­ев се прог­ла­си за по­бед­ник на из­бо­ри­те иа­ко не­го­ви­от пар­ти­ски пре­тсе­да­тел на ДИК из­ја­ви де­ка по­бед­ник е ВМРО–ДПМНЕ, но ни­ту таа, ни­ту оста­на­ти­те из­ја­ви на За­ев не се тол­ку важ­ни кол­ку што е важ­но 450 ил­ја­ди гла­са­чи на по­бед­нич­ка­та пар­ти­ја да не вле­зат во сце­на­ри­ја­та на дел од опо­зи­ци­ја­та, ко­ја не са­мо што се на­де­ва, ту­ку и ди­рект­но ра­бо­ти на конф­ликт­ни со­стој­би.

Су­дир по скоп­ски­те или по би­тол­ски­те ули­ци ќе зна­чи мож­ност за про­те­кто­рат, за кој од по­о­дам­на збо­ру­ва­ат дел од опо­зи­ци­ски­те иде­о­ло­зи. Кре­ва­ње ра­ка од Ма­ке­до­нец врз Ма­ке­до­нец мо­же да би­де оправ­да­но со ми­ни­ма­лен број при­чи­ни, а тоа не смее да би­де не­ги­ра­ње на из­бор­ни­те ре­зул­та­ти, пол­не­ње гла­сач­ки ку­тии или од­би­ва­ње да се по­чи­ту­ва­ат Уста­вот и за­ко­ни­те.

 

Ве­штач­ки су­дир ме­ѓу ур­ба­на и ру­рал­на, ме­ѓу ин­те­ле­кту­ал­на и зем­јо­дел­ска Ма­ке­до­ни­ја

Ка­ко што Гру­ев­ски мо­ра да ги по­чи­ту­ва си­те гла­са­чи што го да­доа сво­јот глас за опо­зи­ци­ја­та, та­ка и За­ев мо­ра да по­чи­ту­ва де­ка 453.000 лу­ѓе гла­са­ле за по­ли­ти­ка­та на ВМРО-ДПМНЕ. Во тој кон­текст, и по­бед­ни­ци­те и по­ра­зе­ни­те мо­ра да вни­ма­ва­ат де­ка во два­та та­бо­ри има лу­ѓе без кои Ма­ке­до­ни­ја не мо­же да оп­ста­не. Опо­зи­ци­ја­та, ко­ја агре­сив­но, пред сѐ, пре­ку со­ци­јал­ни­те мре­жи вед­наш по из­бор­ни­от ден ги на­пад­на „сел­ја­ци­те“ де­ка го одр­жу­ва­ат ВМРО-ДПМНЕ на власт, не прес­ме­та де­ка ме­ѓу нив има огро­мен број лу­ѓе што не са­мо што се по­пис­ме­ни и по­о­бра­зо­ва­ни од це­ли­от СДСМ ту­ку и без нив и нив­на­та енер­ги­ја Ма­ке­до­ни­ја ни­ту не­ко­гаш мо­же­ло да ја би­де ни­ту не­ко­гаш ќе ја би­де. И таа со­стој­ба ни­ко­гаш не­ма да се про­ме­ни.

Слич­но е и со по­тен­ци­ра­ње­то од стра­на на ВМРО-ДПМНЕ де­ка за СДСМ гла­са­ле 70 ил­ја­ди Ал­бан­ци. Со ба­ра­ње­то за дво­ја­зич­ност на це­ла­та те­ри­то­ри­ја на Ма­ке­до­ни­ја и со нај­а­ви­те за кан­то­ни­за­ци­ја и ка­ква би­ло фор­ма на фе­де­ра­ци­ја ВМРО-ДПМНЕ ни­ко­гаш не смее да на­пра­ви ни­ка­ков ком­про­мис и тоа ве­ро­јат­но би би­ло единс­тве­на ва­лид­на при­чи­на за не­ка­ков су­дир ме­ѓу Ма­ке­дон­ци­те, но нај­го­ле­ма­та ма­ке­дон­ска пар­ти­ја не смее да го пот­це­ни фа­ктот што тол­ку мно­гу Ал­бан­ци гла­са­ле за СДСМ.
Ко­га ве­ќе на си­те им е јас­но де­ка фе­де­ра­ли­за­ци­ја­та на Ма­ке­до­ни­ја, ка­ко впро­чем и си­те дру­ги го­ле­ми од­лу­ки за др­жа­ва­та, не мо­же да се до­не­се без ВМРО–ДПМНЕ, осо­бе­но по осво­е­ни­те 453 ил­ја­ди гла­со­ви, пар­ти­ја­та не смее да соз­да­ва до­пол­ни­тел­ни тен­зии осо­бе­но по­ра­ди тоа што тие тен­зии му одат во при­лог на Зо­ран За­ев, кој има са­мо ед­на шан­са да ги из­ла­же Ал­бан­ци­те де­ка ќе го до­би­јат тоа што не им сле­ду­ва во сог­лас­ност со Уста­вот и за­ко­ни­те.

kol224-gm-2

Ид­ни­на­та ни е за­ед­нич­ка, и це­ли­те тре­ба да ни се исти

Тие што се на­де­ва­ат де­ка со па­дот на ВМРО-ДПМНЕ ќе зап­ре ми­гра­ци­ја­та, ќе се на­ма­ли не­вра­бо­те­но­ста, ќе се зго­ле­мат пла­ти­те, де­ка ќе не­ма за­дол­жу­ва­ње на др­жа­ва­та, се во го­ле­ма гре­шка. Ни­кој не­ма ма­гич­но стап­че да нѐ из­ва­ди од та­му ка­де што сме, па не­ка се со­бе­рат и За­ев, и Бран­ко, и Беј­ли за­ед­но.

Ед­но­став­но е, пос­ле­ди­ци­те од гре­шки­те на ма­ке­дон­ска­та по­ли­тич­ка ели­та од по­че­то­кот на не­за­вис­но­ста, ком­би­ни­ра­ни со ан­ти­др­жав­ни­те актив­но­сти на стру­кту­ри­те на УД­БА и КОС и иск­лу­чи­ви­те и по­греш­ни по­ли­ти­ки што во обид да ја де­кон­стру­и­ра оваа ше­ма ги во­де­ше ВМРО–ДПМНЕ, не мо­жат да ис­чез­нат пре­ку ноќ, ни­ту, пак, во тоа мо­же­ме да оче­ку­ва­ме по­мош од стран­ци­те. Тие се­ко­гаш ќе има­ат свои ин­те­ре­си и се­ко­гаш ќе са­ка­ат да октро­и­ра­ат свои лу­ѓе кои без по­го­вор ќе ги вр­шат нив­ни­те за­да­чи, што се по­ка­жа во 2005 го­ди­на за вре­ме на ре­фе­рен­ду­мот за те­ри­то­ри­јал­на­та по­дел­ба.

За­тоа и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, но и ал­бан­ски­те пар­тии, тре­ба да би­дат свес­ни де­ка ако ра­бо­ти­те из­ле­зат од кон­тро­ла, ни­ко­гаш ве­ќе не­ма да мо­жат да ги ужи­ва­ат де­неш­ни­те ре­ла­тив­но по­вол­ни со­стој­би – во сво­ја су­ве­ре­на зем­ја да во­дат сво­ја автен­тич­на по­ли­ти­ка во ин­те­рес на ма­ке­дон­ски­те гра­ѓа­ни.

(Текст објавен во 224. број на неделникот Република, 16.12.2016)

Top