понеделник, 23 април 2018 | Вести денес: 0 ново

Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли со своите деца на „Булеварот на славните“

Рајан Рејнолдс беше почестен со ѕвезда на холивудската патека на славните, а во овој голем успех го поддржа буквално целото семејство.

Двегодишната Џејмс изгледаше посебно радосна и возбудена за својот прв црвен тепих. За разлика од неа, помалата ќерка има само 4 месеци и постојано беше во прегратките на родителите.

Рејнолдс-Лајвли никогаш претходно немаат споделено фотки од своите дечиња, па ова појавување беше возбудливо за јавноста.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top