понеделник, 23 јануари 2017 | Вести денес: 51 ново

Не помислувајте овие подароци да ги подготвите за Нова година

Изборот на подароци за Нова година знае да биде навистина тешка задача. Подарокот зборува за оној кој го добва, но и за оној кој го купува. Затоа, за да го задржи личниот белег, изборот ви го препуштаме вам, а наше е да би олесниме – овие предмети не ги погледнувајте.

Остри предмети – не дарувајте ножеви, ножици, отворачи за писма, отворачи за чаши, зашто птретставуваат сечење на односот.

Празни паричници и торби – ако подарувате паричник или торба, ставете малку пари во нив, парите симболизираат благосостојба на оној кој го прима подарокот.

Билки и цвеќе со трње – кактусите и други растенија со трње не се добри подароци, а избегнувајте и рози, зашто означуваат нарушување на односот. Ако добиете роза со трње од партнерот, извадете ги трњето за да си овозможите врска без проблеми.

Бонсаи и слични минијатурни билки – одлучете се за бјни и здрави билки со заоблени листови кои симболизираат просперитет и здрав живот.

Часовници и антиквитети – предметите кои покажуваат време или го симболизираат неговиот тек се лош подарок зашто го претставуваат односот со ограничен век на траење

Шамичиња – не подарувајте шамичиња, зашто означуваат бришење солзи и повикуваат на плач или болест.

 

Top