сабота, 29 април 2017 | Вести денес: 0 ново

Жените веќе нема да се пораѓаат по природен пат

На се повеќе мајки денес им е потребна операција со царски рез при породувањето поради нивната тесна карлица. Истражувањето покажало дека бројот на случаеви во кои бебето не може да се спушти во породилниот канал се зголемува. Научниците од Австрија изјавиле дека трендот најверојатно ќе продолжи, а дека пораѓањето по природен пат ќе застари.

Без модерната медицинска интервенција таквите проблеми се често смртоносни и ова од еволуциска перспектива е селекција. Жените со тесна карлица не би го преживеале пораѓањето пред 100 години. Сега преживуваат и ги пренесуваат гените на тесна карлица на ќерките.

Се проценува дека случаите кога бебето не може да се вкопи во породилниот канал се зголемиле од 30 од 1000 случаеви во 1960-тите години на 36 од 1000 случаеви денес. Ова значи дека во изминатите 50-60 години стапката се зголемила за 3.3-3.6 проценти, односно 10-20 проценти зголемување на оригиналната стапка поради еволутивниот ефект.

Top