петок, 19 јануари 2018 | Вести денес: 37 ново

На албанско­-македонската граница кај Дебар запленети 122 килограми марихуана

%d0%bc%d0%b0%d1%80%d0%b8

Албанската гранична полиција спречила шверц на поголема количина марихуана, која требало да биде пренесена на македонска територија. Станува збор за 122 килограми марихуана, пакувана во повеќе торби и натоварена на коњ. ­ Граничната патрола, на зелениот појас на границата, во атарот на селото Клобочишта кое се граничи со македонското село Бањиште,кај Дебар, забележала лице кое води натоварен коњ и се движи во првец на македонската граница. Откако ја забележало полициската патрола, оставајќи го натоварениот коњ, лицето се дало во бегство и благодарени на теренот и мракот успеало да побегне, потврдуваат од полицијата. Полицијата, сепак успеала да го идентификува. Станува збор за С.И. жител на пограничното село Маќелари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top