недела, 22 јули 2018 | Вести денес: 9 ново

Коста Петров промовира нова книга, а „Се гледаме на врвот“ добива десетто издание

Еден од најпродаваните современи македонски автори, Коста Петров, оваа среда, 14 декември, во 19 часот во „Дистрикт бар“ во „Скопје Мериот хотел“, ќе ја промовира својата четврта книга, насловена, „Никој не рече дека ќе биде лесно“.

И оваа книга го следи веќе препознатливиот тон и стил на изразување на авторот, со активациска, освестувачка и мотивациска реторика, најчесто инспирирана од сопственото искуство.

nikoj-ne-rece-deka-ke-bide-lesno

За своето четврто книжевно дело авторот вели дека е наменето за сите што не се плашат да живеат, да направат грешки, да паднат и без разлика на ситуацијата да се трудат да го креираат животот што сметаат дека го заслужуваат. Ова е книга за едно патување што секој треба да го направи барем еднаш во животот. Патување до местото каде што сите соништа стануваат реалност.

На промоцијата ќе биде промовирано и јубилејното, десетто издание на „Се гледаме на врвот“, првата и досега најпродавана книга на Петров.

se-glerdame-na-vrvot-10-izdanie2

Новата книга на Коста ќе биде достапна за продажба веќе од 15ти декември во книжарниците на Издавачкиот центар „Три“, сите поголеми книжарници во земјата, како и онлјан на www.kniga.com.mk.

Коста Петров е основачот на Пи Ворлд, македонска, креативна агенција, која ги организира некои од најголемите светски настани за маркетинг, односи со јавност и човечки ресурси во 30 земји во светот, вклучувајќи ги САД, Канада, Блиски Исток и Азија. Во своето слободно време тој исто така пишува и колумни за американското издание на „Хафингтон пост“ како и за „Дигитал бум“, еден од водечките дигитални портали во Северна Африка. За својот придонес во индустријата на настани и медиуми двапати се најде на листата на 30 највлијателни луѓе во индустријата за настани во Југоисточна Европа на „Конгрес магазин“. Коста е и еден од македонските најпродавани автори. Неговите три книги, „Се гледаме на врвот“, „Стравот“ и „Нашето последно кафе“ се продадени во повеќе од 22.000 примероци за помалку од три години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top